06 Октомври, 2024
0.0358

БЕРЗА: Обврзницата за денационализација сама прави промет како сите акции заедно!

Објавено во: Економија 26 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Само „Комерцијална банка“ и „Алкалоид“ направија промет поголем од еден милион денари, а обврзницата за денационализација од 14 емисија имаше поголем промет од сите акции заедно на подсегментите „суперкотација“ и “берзанска котација“ „Комерцијална банка“ со поголем промет од „Алкалоид“, обврзницата за денационализација повторно со најголем промет од сите тргувани хартии од вредност. Ова е резиме на скромната берзанска трговска седмица, претпоследна во жешкиот, но посен, јули. „Комерцијална банка“ оствари промет од 6,79 милиони денари и се тргуваше во пет трговски дена. Трговкста маргина во која се тргуваше беше 40 денари од 1.810 до 1.850 денари за акција. Последна постигната цена беше 1.850 денари за акција. Оваа акција во петокот го оствари најголемиот дел од седмичниот промет кога беа истргувани 2.651 акција, што е 72 отсто од сите истргувани акции во текот на последната седмица. Фактографијата покажува дека во петокот имаше неколку транскации во кои поминаа по 500 акции од „Комерцијална банка“ што укажува на трансфери меѓу покрупни акционери. Прометот што го оствари таа акција во овие трговски денови укажува дека во цената од 1.850 денари е анитиципиран претстојниот финансиски извештај што банката треба да го објави за првото полугодие годинава и за кој , речиси без исклучок, инвеститорската заедница очекува да биде негативен финансиски резултат. Ценовната маргина 1.800 до 1.850 денари треба да ја даде најниската пазарна цена за таа акција и по објавата на финансискиот извештај. „Алкалоид“ во текот на оваа трговска седмица се тргуваше со низок интензитет кој е помал од просечниот обем на тргување со таа акција. Оваа седмица прометот со „Алкалоид“ изнесува 2,35 милиони денари и е постигнат во маргина од 4.898 денари до 4.800 денари, а последната постигната цена изнесува 4.820 денари за акција. Оваа акција се тргуваше во сите пет трговски дена. Од другите акции на подсегментот „берзанска котација“ најблизу до прометот од еден милион денари беше акцијата на „Макпетрол“ со реализација од 0,9 милиони денари постигнати во маргина од 19.500 денари до 18.500 денари за акција. Последната пазарна цена постигната во петокот изнесуваше 18.500 денари. Обврзницата на денационализација од 14 емисија постигна промет од 14,2 милиони денари што е повеќе од прометот на сите акции заедно на подсегментите „суперкотација и берзанска котација“. На подсегментот „задолжителна котација“ најтргувана акција беше „Македонски телеком“ со реализација од 1,72 милиони денари и с тргуваше по единствена цена од 265 денари за акција во сите пет трговски дена. Р.ф.

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?