07 Декември, 2025
0.0396

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2024 08:08

Добивај вести на Viber

Стравувањата од потенцијалното ширење на војната на Блискиот Исток беа дополнително поттикнати од изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден дека американските власти разговараат дали да го поддржат израелскиот напад врз иранските нафтени постројки.

Ова предизвика цената на нафтата да продолжи со растот во петокот до 78,80 долари за барел, што бележи неделен скок од речиси 10 отсто. Иако ова е под нивото што „црното злато“ го достигна на почетокот на годинава, сегашната ситуација ја зголемува можноста за повторување на спиралата на раст на цените на енергијата и бранот на инфлација што го доживеавме во екот на украинската криза во 2022 година.

Меѓународниот монетарен фонд вели дека ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да има значителни економски последици за регионалната и глобалната економија. Во ММФ сметаат дека е рано да се предвидуваат конкретни влијанија врз економијата, но укажуваат дека главниот начин на кој војната во овој регион би можела да се одрази во зголемувањето на цените на стоките, вклучително и нафтата и житариците, како и преку зголемувањето на трошоците за транспорт, бидејќи бродовите избегнуваат да пловат низ Црвеното Море.

И меѓународните и домашните експерти сметаат дека сегашните ефекти од блискоисточниот конфликт не претставуваат закана, а проценките за потенцијалното ширење на војната и степенот на нејзиното влијание врз растот на цените на енергијата и светската економија се различни. Така, прогнозите на западните аналитичари во случај на ескалација на конфликтот се движат од можноста барел нафта да достигне од 100 до дури 200 долари.

Доколку Израел ги уништи иранските нафтени постројки, ОПЕК може да го компензира нивното производство. Голем скок на цените може да се случи само во случај на дестабилизација на Ирак како резултат на конфликтот меѓу Тел Авив и Техеран.

Тоа претставува најголем ризик за пазарот на сурова нафта, бидејќи Багдад продава големи количини од овој енергетски производ на меѓународно ниво. Во Ирак, додава тој, живеат и шиити и сунити и има исламистичко расположение против Израел, а Американците се повлекуваат од таа земја, додека Иран има големо влијание врз неа.

Како што пишува Ројтерс, Европа би била изложена на поскапување на нафтата, бидејќи за разлика од САД, нема големо домашно производство на оваа енергија. Но, банкарите и експертите оценуваат дека и во тој случај би било неопходно трајно зголемување на цените на овој енергетски производ за 10 отсто, за инфлацијата да се зголеми за само 0,1 процентен поен. Економското влијание на сеопфатна војна што би довело до пошироки напади врз енергетската инфраструктура низ Блискиот Исток, како и дополнителни прекини на трговските патишта низ Црвеното Море, би биле поопипливи. „Оксфорд економикс“ прогнозира дека ваквото сценарио ќе ја зголеми цената на нафтата на 130 долари и растот на глобалната економија следната година за 0,4 процентни поени, што ММФ во моментов го проценува на околу 3,3 отсто.

фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени

Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени

Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати

Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати