БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред
Објавено во: Финансии 19 Април, 2024 11:56
На Волстрит вчера индексот S&P 500 падна петти ден по ред бидејќи се појасно е дека американската централна банка нема да брза со намалување на каматните стапки и затоа што деловните резултати на компаниите не се многу импресивни.
Dow Jones зајакна 0,06 отсто, на 37.775 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,22 отсто, на 5.011 поени, а индексот Nasdaq 0,52 отсто, на 15.601 поен.
Индексот S&P 500 вчера падна петти ден по ред, па трета недела по ред е во губитничка серија.
Во претходните пет месеци, најголемата светска берза силно порасна бидејќи инвеститорите очекуваа ФЕД агресивно да ги намали каматните стапки оваа година, почнувајќи од јуни.
Сепак, се појасно е дека централната банка нема да брза со намалување на каматните стапки бидејќи пазарот на трудот е сè уште силен, економијата расте, а инфлацијата е сè уште висока.
Ова е причината зошто претставници на ФЕД велат дека нема потреба да се брза со намалување на каматните стапки.
15 отсто изгледи за намалување на каматните стапки
Затоа, сега на пазарот на пари се проценува дека има само 15 отсто шанси за намалување на каматната стапка на ФЕД во јуни, а околу 42 отсто во јули.
Под притисок се и индексите поради солидните, но не силни, квартални деловни резултати на компаниите и банките.
Така, на пример, по затворањето на Вол Стрит, цената на акцијата на Нетфликс падна за околу 4 отсто во продолженото тргување, откако компанијата го објави својот деловен извештај.
И на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,37 отсто, на 7.877 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,38 отсто, на 17.837 поени, а париски CAC 0,52 отсто, на 8.023 поени.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





