20 Мај, 2024
0.0320

Беса апелираат: Владата да не брза со усвојување на мерката за зголемувањето на данокот

Објавено во: Македонија 30 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Од политичката партија БЕСА реагираат на најавите на министерот за финансии, Драган Тевдовски, за зголемувањето на данокот на доход за лицата кои остваруваат приходи поголеми од 1000 евра. 

„Апелираме до Владата да не брза со усвојување на оваа мерка без притоа да се калкулираат последиците што може да ги предизвика една таква мерка врз даночната евазија, особено за информатичарите и воопшто врз секторот за информатичка технологија“, вели Африм Гаши, претседател на движењето Беса.

„Движењето Беса смета дека во времето кога употребата на интернетот и технологијата континуирано расте, создавањето услови, олеснителни околности и државната поддршка кон оваа категорија со цел да се стимулира основањето на што е можно поголем број микро-компании од сферата на ИТ, он-лајн трговијата, производството на софтверски програми и апликации и воопшто поголема употреба на интернетот за бизнис, може повеќе да биде во полза на државата отколку зголемување на данокот на доход од 10 на 18 отсто“, вели Гаши.

Лидерот на БЕСА додава дека  оваа категорија претприемачи и професионалци Владата треба да ја гледа како стратешки партнер за основање нови бизниси и намалување на невработеноста бидејќи стимулативните мерки кон оваа категорија претприемачи би создале поголем обем на работа, што воедно подразбира и повеќе данок за државата отколку зголемувањето на данокот на доход, кој може да има дестимулирачки ефекти и може да ја зголеми неформалната економија.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје