БЕСА реагира и ја повика МПЦ на почитување на уставноста на државата
Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2017 16:24
Движењето „Беса“ денеска реагира на вчерашната изјава на МПЦ во врска со актуелната политичка криза со оценка дека таа предизвикала напнатост и ја зголемила недовербата на граѓаните во државата и оти повеќепати го прекршила правилото на секуларноста на државата, кое, се наведува, им забранува на верските заедници да се вмешаат во внатрешните работи на државата.
„МПЦ во вчерашната изјава, меѓу другото, апелираше до политичките лидери за зачувување на уставната позиција на македонскиот јазик во целата територија на Република Македонија, ова во согласност со Уставот и унитарниот карактер на државата. МПЦ изјави дека народот треба да се води според евангелските христијански вредности, дури и дека Македонската православна црква се смета себеси како духовна мајка на сите православни верници и на сите други, без оглед на етничката припадност. Да се меша една верска заедница во уставни толкувања за употребата на службените јазици или да изјави дека државата треба да се води според евангелските вредности, ова е очигледно тенденциозно и навредливо за албанските граѓани, како и на другите етнички заедници, кои претежно припаѓаат на исламската вероисповед и кои се автохтон народ во оваа држава. Покрај ова се вели дека црквата има родителска одговорност кон сите верници без разлика на религијата. Тоа е надвор од сите ингеренции и навредливо за сите верници на другите религии“, реагираат од Беса.
Од Движењето Беса, повикувајќи се на член 19, амандман 7 од Уставот, (МПЦ и ИВЗ, Католичката Црква, Евангелско-методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи, се одвоени од државата и се еднакви пред законот), ја осудуваат оваа, како што велат, тенденциозна изјава и апелираат до МПЦ да ја почитува уставноста на државата и да не го потценува секуларниот принцип на државата.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите




