05 Декември, 2025
0.0476

Беслими: Во услови на политичка криза девалвација на денарот е погубна

Објавено во: Финансии 25 Април, 2016 07:37

Добивај вести на Viber

Доколку не се постигне политички концензус во земјата за кратко време, влегувањето во зона на рецесија е скоро неизбежна, вели за Фактор унивезритетскиот професор Сами Беслими. Според  Беслими, доколку се реализираат заканите за прекинување на кредитирањето од Светска банка и ММФ, тоа ќе повлечи спирл од проблеми за македонската економија. Во услови на политичка криза девалвација на денарот е погубна, но веројатноста да се случи тоа не е исклучена. Имено, доколку се продолжи со сегашната динамика на трошење, во услови кога финансирањето на потрошувачката преку надворешно задолжување станува проблематично, додека внатрешното задолжување се по неизвесно, тогаш би можело да се случи т.н. монетаризација на долгот, те државата да се задолжи кај Народната банка, со што би дошло до уфрлување во промет на нова количина на т.н. примарни пари, со што би дошло до нарушување на внатрешната рамнотежа помеѓу куповните и стоковните фондови. Тоа би предизвикало тренд на зголемување на општото ниво на цените, додека зголемената побарувачка, во услови на висока увозна зависност, ќе предизвика раст на побарувачката на странски валути, т.е. глад за странски парични средства. Во такви услови одржувањето на официјалниот курс на националната валута (официјалниот) е скоро невозможно на среден рок, од причина што преценетиот курс на домашната валута дестимулативно влијае на извозот. Доколку се реализираат заканите за прекинување на кредитирањето од Светска банка и ММФ, тоа ќе предизвика отежнување на условите за кредитирање и од комерцијалните кредитори, а сето тоа ќе предивика, прво перманентен глад од странска валута, потоа раст на каматните стапки, отежнување на другите услови за кредитирање, како и зголемување на трошоците на производство, а со тоа и намалување на ценовната конкурентност на домашното производство. Преценет курс на домашната валута, во услови на висока увозна зависност е неодржлива. Излезот е во намалувње на потрошувачката, посебно на јавната потрошувачка во рамките на можностите за нејзино финансирање (фискалниот капацитет). Инаку, не сум поборник за еднократна девалвација, но повеќе препорачувам пливачки курс со пошироки маргини. И во едниот и во другиот случај, доколку не се постигне политички концензус во земјата за кратко време, влегувањето во зона на рецесија е скоро неизбежна.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката