Бесплатен онлајн курс: Како да тргувате со биткоин?
Објавено во: Финансии 13 Јули, 2017 06:42
Биткоин е вид на дигитална пара (крипто валута), чија популарност ширум светот, како и во Македонија рапидно расте од година во година. Она што ја прави различна од конвенционалните пари е тоа што ниедна институција не ја контролира мрежата на биткоини, што значи дека банката не може да ги контролира вашите пари. Во април 2010 година цената на еден биткоин изнесуваше 0,003 долари, додека денес цената на еден биткоин е над 2500 долари.
FXLider за сите оние кои се заинтересирани да научат како да тргуваат со биткоин или оние кои вложуваат во себе и сакаат да го прошират своето знаење, организира онлајн курс за тргување со биткоин (таканаречен CFD). Курсот е бесплатен и прилагоден на слободното време на секој учесник и на истиот можете да се пријавете со апликацијата подолу. Со автоматско пополнување на пријавата отварате и бесплатен налог за тргување на кој ќе вежбате за време на курсот.
Пополнете ја апликацијата подоле и пријавете се за предавањето во живо "Како да тргувате со Bitcoin":
Пред нешто повеќе од два месеца, по периодот на интензивниот раст на цените, Bitcoin достигна симболичен пресврт надминувајќи ја цената на една унца злато. Од тогаш па до денес цената продолжи да расте и достигна 2500 долари, со што се дуплираше.
Во меѓувреме многу држави го прогласија Bitcoin за легален, што во голема мера имаше позитивно влијание врз неговата цена. Во Јапонија од неодамна многу трговски ланци дозволуваат купување со bitcoin, што влијаеше да цената на оваа крипто валута во текот на претходниот месец порасне за скоро 80%, а Јапонија да стане најголем пазар за Bitcoin во светот. Инвеститорите очекуваат дека наскоро и многу други држави ќа го легализираат овој вид на трговија. Помеѓу нив е и Австралија, која од јули оваа година ќе го прогласи Bitcoin за легално средство за плаќање, а наскоро слично се очекува и од Русија.
Една
од причините поради кои цената на Bitcoin се зголеми оваа година е тоа што не е
под влијание на владите на државите. Bitcoin се следи преку јавен онлајн запис
познат под името „block chain“. Конечен
број биткоини може да биде произведен преку процесот кој се нарекува
„рударење“, а всушност претставува решавање на сложени математички проблеми. Една
од најголемите привлечности на овој начин на трговија е во тоа што и покрај
јавната евиденција на трансакциите, корисниците кои ги вршат истите остануваат
анонимни.
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




