19 Декември, 2025
0.0501

Бетонизација наместо урбанизација на Скопје: Главниот град во постојан раст, квалитетот на живот во пад

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2021 07:25

Добивај вести на Viber

Споредба: Скопје со Минхен

„Дали личиме на ЕУ“ е прашање што го опфаќа домувањето, кое не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот дел од Скопје.

Скопје е брзорастечки град веќе седум децении. Додавајќи по стотина илјади нови жители на секои десет години, градот и регионот околу него, скопската котлина, се се поблиску до тоа да станат дом на еден милион луѓе. Но во последните дваесетина години, растот на Скопје се одвива токму на начинот што се смета за најштетен – со згуснување на урбаните зони. Општините се зависни само од еден извор на приходи, а нема јасни планови како да се подобри нивното финансирање за да се намали притисокот за градење,

Просторот е ресурс кој не се обновува, тврди архитектот Искра Јанковска Михајловска, која вели дека треба да се најде начин како да се надмина зависноста на општините од финансирањето преку комуналиите.

- Општината им удоволува на тие што сакаат да градат без да водат сметка за квалитетот на живот, сметајќи дека ќе земе пари од комуналии, меѓутоа просторот е ресурс кој не се обновува. Толку ни е просторот. Државата е таа, вие ќе продавате ќе продавате и ако платите ви се базираат на тоа да ги исплаќате од комуналиите, тоа е лош бизнис план.

Земјата ја има толку колку што ја има. Кога ќе снема простор, ќе снема и пари, но веќе ќе биде предоцна. Луѓето ќе се гушат во борбата за парче небо, за парче простор за децата, за малку приватност без да мораат да ги спуштаат завесите, но ништо од тоа нема да може да добијат. Тоа што се изградило ќе си остане, и разретчувањето ќе биде невозможно, вели Јанковска Михајловска во интервјуто за Балкон3 во епизодата „Дали личиме на ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација“.

- Кога одите на некое игралиште кое го предвидела општината и детето не може да дојде на ред за лулашка тоа е погрешно урбанизација. Ако не можете да се паркираате на местата предвидени за вашата зграда, тоа е погрешно урбанизација. Почнувате да се карате со комшиите, почнувате да се нервирате за обични секојдневни потреби. Значи ако одите во локалната поликлиника и таму има повеќе гужва од што е нормално да почекате, тоа е се погрешно урбанизација. Скопје не е пренаселен град. Во моментов е лошо испланиран, вели таа.

Додава дека низ Европа има и такви градови што успешно вдомиле стотици илјади нови жители, па сепак со паметно планирање и развој, го унапредиле квалитетот на живеењето и животната средина.

Таков град е Минхен. Во Германија градовите освен што добиваат трансфери и грантови од централната власт, тие наплаќаат и свои даноци како данокот на имот, данокот на бизнис, надоместоци за услугите итн.

Кога еден град расте треба да има услови за да привлече нови жители. Растот носи повеќе работна сила, повеќе потрошувачи, повеќе економска активност и повеќе можности, но и повеќе сообраќај, повеќе отпад, поинтензивно користење на инфраструктурата, побрзо црпење на ресурсите и на просторот. Затоа растот носи корист само ако за него не се плати превисока цена. 

Во Европа има градови што успешно вдомиле стотици илјади нови жители, па сепак со паметно планирање и развој, го унапредиле квалитетот на живеењето и животната средина. Минхен е најбрзорастечкиот град во Германија. За 20 години прими 300.000 нови жители и веќе се искачи на еден и пол милион луѓе, но сепак остана една од водечките зелени метрополи во Европа. Сето тоа се постигна со внимателно урбано планирање во кое градот, растоварен од финансиската зависност од комуналии, можел да инвестира во нови јавни простори.

Елизабет Мерк, која од 2007 година го води одделот за урбано планирање на Минхен вели дека еден од главните успеси на градот е рециклирањето простор.

Беше многу важно за урбаниот развој на Минхен што во изминативе 20 години бевме во можност да рециклираме многу простор. Имавме поранешни простори на железницата што не се користеа, што ги претворивме во големи станбени области. Имавме поранешни касарни, кои веќе не беа потребни. Откако падна Берлинскиот ѕид и се отворивме кон истокот, можевме да ги претвориме во мешани градски четврти, за живеење, работа и за услуги. Имавме и други големи зафати, како преместувањето на аеродромот и на старото сајмиште, што значи секогаш имавме површини достапни за да ги рециклираме. И тоа беше многу позитивно бидејќи ни овозможи да зачуваме големи делови од зелениот појас на Минхен, како и големи делови што се користат за земјоделство, вели Мерк.

За разлика од Минхен, познато е дека Скопје не „рециклира“ јавни површини како што се оние зад Старата железничка станица, напуштени фабрички објекти како Цветан Димов и Алумина, каде никнуваат само згради, а иста судбина се очекува и со Треска и Расадник.

Во Минхен на пример, Граѓанските здруженија и организации имаат цврста соработка со градската управа. Минхенскиот форум, учествува во одлуките што ги носи градот.

Просторното планирање е еден од клучните елементи за унапредувањето на животната средина, бидејќи од тоа зависи какво ќе биде движењето во урбаниот простор, снабдувањето со вода и енергија, или со основни продукти, дали ќе има јавен простор за социјализација или доволно зелен простор за одржување на природниот амбиент. Преку овие работи и каков воздух ќе се дише.

Брзорастечките градови ако внимателно не го испланираат својот раст ќе се соочат со проблеми како притисокот врз уличната мрежа, инсталациите, јавните добра, училиштата, градинките, трговските објекти. 

- Сите програми се работат паралелно со другите институции. Го имаме Министерството за економија што работи на енерегетската ефикасност. Министерството за транспорт работи на мобилноста, тука е и Министерството за образование кое работи на нова програма за да го врати изучувањето на животната средина на училишните часови, изјави Насер Нуредини, министерот за животна средина и просторно планирање.

Европските градови денес се партиципативни градови. Не се развиваат од горе надолу, туку од долу нагоре. Како што врли Мерк, Минхен всушност има голема традиција на граѓански дијалог и на граѓански движења, уште од 1960-тите. Во оваа смисла, градските четврти се многу важна просторна единица за нас, за да стапиме во дијалог со жителите на градот, вели стручњакот по ова прашање.

Епизодата на Балкон3 „Паметна урбанизација или непромислена бетонизација“ може да ја погледнете на следниот линк: https://balkon3.com/dali-lichime-na-eu-pametna-urbanizacija-ili-nepromislena-betonizacija/


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината