05 Декември, 2025
0.2569

Без квалитетно управување на кредитниот ризик нема квалитетно кредитно портфолио

Објавено во: Финансии 06 Мај, 2014 09:09

Добивај вести на Viber

Процесот на рано препознавање и откривање на одреден кредитен ризик неизбежно треба да се препознае уште во првичните интервјуа со клиентот, низ целиот кредитен процес, со перманентно следење на работењето на клиентот, со мониторинг на сервисирањето на долгот, квалитетот и атрактивноста на колатералот и уште многу други аспекти и показатели кои поддеднакво се важни за детектирање на одреден кредитен ризик и воспоставување на правилни начини за негово менаџирање. пишува,  м-р Биљана Буторац, Стопанска Банка Битола Кредитната активност како клучна  цел на секоја банка, континуирано од банките бара да  се пласираат добри кредити што заработуваат повисоки камати од каматите што тие ги плаќаат на средствата што ги повлекле од штедачите и финансиките пазари. Во тој контекст се наметнува  потребата за негувањето на квалитетно кредитно портфолио, континуирано управување со кредитниот ризик, како моќно средство за да биде банката сигурна, дека должниците се кредитноспособни и е клучна алатка  за долгорочниот успех на банката, во поглед на прифатливо ниво на кредитен ризик. Најголемиот и најважниот ризик кој се јаваува во банкарското работење е кредитниот ризик. Овој ризик со кој се среќаваат комерцијалните банки, произлегува од ризикот дека должниците нема да ги отплатуваат нивните заеми. Банките ако не раководат ефикасно со кредитниот ризик, тие нема да им носат профит на нивните акционери и нема да останат долго во банкарскиот бизнис. Управувањето со кредитниот ризик, всушност е настојување да се идентификуваат неизвесностите со кои се соочува корисникот на кредитот, со цел да се види дали се урамнотежени неговите финансиски предности и слабости. Доколку предностите на корисникот на кредитот ги надминуваат неговите слабости за износ кој е доволен да ги покрие потенцијалните неизвесности и ризици, тогаш одобрениот кредитен пласман содржи прифатлив кредитен ризик за банката. Со помош на кредитното рационирање, банките ги минимизираат трошоците на погрешната селекција. Во ваквите случаи, банката му одобрува  кредит на кредитобарателот,но ја лимитира големината на кредитот или пак, целосно го одбива  барањето за кредит, се со цел да се минимизира кредитниот ризик кој го превзема. Негувањето на долгорочни деловни односи на банката со своите долгогодишни клиенти е еден од најдобрите начини за банката да собира информации за перспективите на заемобарателите,континуирано да ги следи нивните активности, ажурноста во сервисирањето на обврските, да располага со квалитетен колатерал, односно  управувајќи со кредитниот ризик да дојде до квалитетно кредитно портфолио. Кредитните пласмани на банките,од една страна подразбираат прифаќање на ризик ,а од друга страна создавање на профит.Токму во овој контекст е клучниот момент на менаџирањето на банката со кредитниот ризик, односно банката е исправена пред својата основна цел, да оствaри највисок профит со минимално измерен и превземен кредитен ризик, кој ќе се мониторира во текот на целиот век на достасаност на кредитниот пласман. За да се заштитат банките од потенцијално прелевање на кредитен ризик, треба во своите интерни акти, да имаат соодветни процедури за агрегатни изложености, односно во случаите на постоење на субјекти кои се поврзани со кредитобарателот поради финансиски или сопственички релации, неопходно е да се врши анализа не само на кредитобарателот,туку и на целата група поврзани субјекти,како и информации за намената и структурата на кредитите, вклучувајќи ги и изворите од кои ќе се врши нивна отплата. Сите погоренавдени моменти се дел од континуираниот и комплексен процес на управување со кредитниот ризик во комерцијалните банки. Чест проблем кој ги затекнува банките е  неадекватното  одредување на цената на кредитите и како резултат на  тоа да  не добијат соодветен  надоместок за ризикот на кој се изложиле. Анализирајќи ги потенцијалните кредитокорисници, банката мора  да ја сфати неопходноста од востановување на резерви за потенцијални загуби и да поседува адекватен капитал кој би ги апсорбирал ваквите состојби. Процесот на мониторинг на кредитнотото портфолио е дел од процесот на управување со кредитниот ризик и подразбира благовремено и рано откривање на потенцијалните ризици како и потребата од брзо делување на банката. Управувањето со проблематични кредити подразбира преземање систем на ефикасни мерки за навремено откривање на влошувањето на кредитот и план на акција за заздравување на истите. Квалитетната кредитна анали  за и ризичната класификација можат да бидат многу моќно орудие во идентификацијата на ризиците. Сознанието дека постои одреден ризик е основен предуслов за да може истиот понатаму да се контролира и управува. Процесот на рано препознавање и откривање на одреден кредитен ризик неизбежно треба да се препознае уште во првичните интервјуа со клиентот, низ целиот кредитен процес, со перманентно следење на работењето на клиентот, со мониторинг на сервисирањето на долгот, квалитетот и атрактивноста на колатералот и уште многу други аспекти и показатели кои поддеднакво се важни за детектирање на одреден кредитен ризик и воспоставување на правилни начини за негово менаџирање.           Управувањето со кредитниот ризик за комерцијалните банки претставува еден, ако не и најважен предизвик и сегмент во банкарското работење. Праксата покажува дека квалитето портфолио е стремеж на секоја банка,а тоа секојдневно банките го оставруваат со oддвојување на добрите од лошите заемобартаели ,се со цел да ги елиминираат потенцијланите лоши ризици и да добијат група на кредитноспособни должници. Кредитниот ризик во банкарското работење се вовлекува со огромна брзина. Современите глобални банкарски системи ги совладуваат ограничувањата  на  времето и просторот, но тие не можат да имаат надзор над ризикот кој го превземаат со својата кредитна активност. Следствено на тоа, следната цел што треба да се постигне е воспоставување на глобална контрола над ризикот во банкарското работење .Оваа определба,во моментот и во годините што следат, ќе претставува вистински испит за сите банки. Банката во која сум професионално ангажирана, Стопанска банка - Битола, веќе подолг период спроведува сериозен и сеопфатен пристап на управување со кредитниот ризик и тоа преку формирање на соодветна околина за управување со кредитниот ризик,работење според здрав процес на одобрување кредити,востановување на адекватен процес на администрирање, мерење и следење на кредитите, обезбедување адекватна  контрола на кредитниот ризик, намалување на нефункционалните пласмани и добивање на квалитетно редовно кредитно портфолио.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката