БЕЗ МАСКИ И БЕЗ ДИСТАНЦА: Во Ливерпул се одржа ковид журка
Објавено во: Свет, Корона Вирус 01 Мај, 2021
Ковид журка се одржа во Ливерпул, без маски и дистанца.
Околу 3.000 млади се забавуваа во ноќниот клуб „Циркус“, а уште 3.000 други денеска чекаат да се забавуваат. Се работи за нов проект со кој се истражува потенцијалното пренесување на коронавирусот во ситуација кога сите учесници на журка дошле со негативен тест. Журката траела од два часот попладне до 23 часот вечерта, а пред клубот имало шатор со истражувачи кои го следеле однесувањето на учесниците.
Директорот за јавно здравје на Ливерпул, Мет Ештон, изјави дека овој клупски настан е „клучен“ за локалната економија. Ештон додаде дека учесниците на настанот кои ќе имаат позитивен тест за коронавирус во следните пет дена се очекува да се изолираат и дека со нив ќе се разговара за контактите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.