19 Декември, 2025
0.0738

Бездомникот Спасе од Ајватовци на работ на преживување, се бори со глад и студ

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2017 21:00

Добивај вести на Viber

На дваесетина километри од центарот на Скопје, во скопското село  Ајватовци со години заборавен од семејството и  државата живее бездомникот Спасе. Во мала руинирана куќа, без греење и храна,  судбината на овој човек зависи од добрината и хуманоста на жителите. Соседка од селото  за неговата состојба ги информирала волонтерите на здружението “Љубезност”. По  замрзнатиот пат  нивниот тим се упатил кон селото. Велат глетката која ги затекнала била разочарувачка, старата куќа со искршени прозорци  и врата била опколена со снег  и мраз,  а пукнатините на ѕидовите  и таванот го пропуштале  студениот ветер.

“Ни беше пријавено дека во напуштена двособна куќичка која е на распаѓање, веќе подолго време живее бездомник кој не може сам да се грижи за себе и да се движи, и е зависен од инвалидска количка и други помагала. Волонтери од “Љубезност”  и од прифатниот центар “Дуња”  веднаш се упатиjа кон Ајватовци, патот беше целосно замрзнат, но сепак се стигна до местото. Призорот во старата куќичка беше крајно разочарувачки. Чичко Спасе живее во крајно мизерни услови. Минатите денови со температури од -20 и пониски, ги поминал сам токму овде”- објаснува Тони Станковски од Здружението “Љубезност”.

На бездомникот Спасе досега единствено му помагале соседката  Елена и нејзиниот сопруг. По  објавите  на социјалните мрежи да се пријавуваат лица на кои има треба помош тие  веднаш го  контактирале здружението.

“Чичко Спасе се жалеше од болки во нозете, па затоа го однесовме  во Ургентниот центар, а потоа беше вратен во прифатниот центар ДУЊА лоциран спроти Градежниот факултет каде што доби топол оброк и ја помина ноќта во топла просторија, со чиста постелнина, заедно со тројца други бездомници”- додава Станковски.

Шеесет и две годишниот Спасе е само еден од стотината бездомници кои на екстремно ниските температури бараат спас од студот. Деновиве покрај во центарот за бездомници во Момин поток, беа отворени уште два пункта, еден во катната гаража спроти МРТВ, а  другиот во социјалниот центар  “Дуња” спроти Градежниот факултет којшто обезбедува помош во храна и облека и вдомување на бездомници кои немаат каде да се засолнат од поларните температури.

Денеска граѓаните  можат да донираат помош за бездомниците  на пунктот на активистите на “Мрдни со Прст”  кој што е поставен во  Сити Мол и на кој ќе може да се донираат ќебиња, чиста облека, обувки, душеци за спиење, прибор за јадење и хигиенски средства. Донациите ќе бидат доставени до социјалниот центар „Дуња“.

Од кампањата „Мрдни со прст“ велат дека имаат  за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец. Тука  спаѓа и помош за бездомниците. Оттаму повикуваат дека во рамки на кампањата граѓаните  може да помогнат  и со лоцирање на бездомник и негово пријавување на нивната страна: http://mrdnisoprst.mk/ или Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst,  а ги повикуваат сите кои сакаат да помогнат со приготвување на топол оброк за бездомниците.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината