Добивај вести на Viber
Со санкции од Брисел може да се соочи БиХ доколку продолжи да го забранува увозот на земјоделски производи од Хрватска, пишуваат Независне новине.
Весникот ја пренесе изјавата на неименуван европски дипломат дека Брисел смета дека однесувањето на БиХ е недозволен протекционизам на некои големи земјоделски производители и дека трпението на ЕУ е при крај.
Најверојатна мерка која се разгледува е воведување на реципроцитет за производите од БиХ на европскиот пазар, што може да значи симнување од листата на поволна трговија со ЕУ на некои производи кои ги извезува БиХ.