16 Декември, 2025
0.1498

БиХ ја тужи Хрватска!

Објавено во: Балкан 13 Декември, 2013 08:01

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие, Елктростопанство БиХ поднело до Европскиот суд за човекови права во Стразбур шест претставки преку кои бара заштита на правото на сопственост на недвижностите во Хрватска. Претставките се однесуваат на недвижнини (објекти и земјиште) кои Електростопанство БиХ ги поседува во Ситуван, Градц, Макарска, Биоград, Лукоран и Башка Вода. Правниот тим на Елктростопанство БиХ претходно ги исцрпил сите правни средства со цел заштита на имотот и имотните права во рамки на правосудниот систем на Република Хрватска. Клучна препрека за позитивно решавање на барањето на Електростопанство БиХ е уредбата за забрана за располагање со недвижности на територијата на република Хрватска и законот за забрана за располагање и превземање на средства на одредени правни личности на територијата на Република Хрватска. Донесувањето на уредбите за забрана за располагање со недвиности на територијата на Хрватска создадени се комплицирани механизми кои оневозможуваат ефикасна заштита на имотот на правни лица од земјите создадени по распадот на СФРЈ. Во претставките поднесени на 29ти Ноември до Европскиот суд за човекови права, Електростопанство БиХ истакнала дека со односот на управните и судски органи на Хрватска кон нејзините имотни права на недвижностите се повредени одредбите на Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи, правото на правично и јавно судење, правото на имот и правото на делотворен правен лек. Електростопанство БиХ, според објавеното во нивното соопштение, очекува дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур ќе ја задолжи Хрватска во согласност со своите правни прописи со Европската конвенција и дека ќе и биде овозможен пристап до надлежните органи во Хрватска за заштита на нејзините права на имот, враќање во соспственост на недвижностите и остварување на сопственичките права, а побарана е и соодветна надокнада по основ на нематеријална штета.   К.К

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата