Добивај вести на Viber
Босна и Херцеговина им стави забрана на 53 фирми од Хрватска да не можат да ги извезуваат своите прозводи, се додека не ги исполнат стандардите на ЕУ за производство, пренесуваат босанските медиуми. Cтанува збор за фирми кои во најголем дел се бават со производство и преработка на месо.
Оваа одлука на БиХ стапи на сила по станувањето на Хрватска полноправна членка на ЕУ, како и по оценките дека хрватските компании треба да ги исполнуваат сите услови на производство кои важат во Унијата, токму онака како што тоа се поставуваат барања до БиХ кога извезува во Хрватска.
Министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Мирко Шаровиќ, прецизирал дека меѓу хрватските компании кои се под ембарго најголем број се кланици кои ги исполнуваа ЦЕФТА условите, но не ги исполнуваат новонастанатите услови.