БИК БРКАЛ СОПРУЖНИЦИ ВО ДЕЛЧЕВСКО: Имаме траума, 45 минути како да бевме во Шпанија
Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2023 15:15
Бик бркал сопружници во село близу Делчево, по што тие го пријавиле настанот во полиција, а најавија и тужби.
„Во понеделник во 15.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во нива на место викано „Низамски ниви“ во с.Град, делчевско, С.С. и неговата сопруга Ј.С. биле нападнати од бик, сопственост на соселанецот М.С., при што биле направени оштетувања на овоштарникот и на нивното возило. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Делчево, при што се работи на комплетирање на случајот, а против М.С. е поднесена соодветна пријава“, се наведува во пријавата поднесена до делчевската полиција.
Се јави газдата на бикот кој нападна брачен пар и оштети автомобил.
Младиот сточар Марјан Стојов од делчевското село Град е еден од ретките кој одгледува повеќе грла добиток.
Сопственикот потврди дека откако е известен, заедно со полицијата излегле на лице местото каде се случил немилиот настан. Не отфрла одговорност и посочува дека полицијата е таа која треба да открие дали има прекршок.
„Ако има некој прекршок нека ме гонат, ако оштетените ако имаат штета исто така нека ме гонат прекршочно. Јас ако сум виновен ќе одговарам, но како што кажав за однесувањето на самиот бик имам сведоци од Илиово до Истевник. Не барам од никој привилегии ни врски, само сакам нека да дојдат сите во судот и да ја кажат како се однесувал бикот, дали бил агресивен или не“, додава Стојов.
За МИА луѓето кои се оштетени велат дека претрпеле траума.„Тоа што се случи е голема траума за мене и сопругата, 45 минути како да бевме во Шпанија“, вели човекот кого бикот го мавал.
Тој додава дека бикот е опасен за луѓето и стравува дека ќе се случи немил настан.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите




