Бил Гејтс ги искритикува корона тестовите
Објавено во: Свет, Корона Вирус 29 Јули, 2020
Филантропот Бил Гејтс, ги искритикува корона тестовите.
Тој вели дека долгото чекање на резултатите од повеќето тестови за коронавирус во САД самото тестирање го прави целосно бесмислено и неуспешно, објави телевизијата Си-Ен-Би-Си.
Според него, повеќето тестови за коронавирусот во САД се целосно бесмислени, затоа што луѓето треба да чекаат долго.
„Повеќето резултати се чекаат подолго од 48 часа, а ваквото тестирање е целосно промашено“, рече Гејтс.
Лабораториите низ целата земја доцнат со издавањето на резултатите од тестот за коронавирусот заради зголемувањето на бројот на пациенти.
Пациентите чекаат од неколку дена до една недела за резултатите, наведуваат двете најголеми компании за лабораториски дијагностицирања во САД.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.