19 Декември, 2025
0.0451

Бил Гејтс повторно најбогат според листата на Форбс!

Објавено во: Мои пари 02 Март, 2015 20:29

Добивај вести на Viber

Според најновата листа на Форбс на најбогатите луѓе на светот, богатството на Гејтс, коосновач на америкнската софтверска компанија Мајкрософт, е зголемено од минатата година за 3,2 милијарди долари на вкупно 79,2 милијарди долари.

Мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим се задржа на втората позиција на листата на Форбс, благодарение на богатство од 77,1 милијарди долари, наоѓајќи се така пред американскиот милијардер и инвеститор Ворен Бафет и неговото богатство од 72,7 милијарди долари.

Бафет воедно е и најголем добитник на овогодишната листа на Форбс, бидејќи неговото богатство пораснало за 14,5 милијарди долари во однос на минатата година, благодарение на растечката вредност на акциите на неговиот инвестиционен фонд „Беркшир Хатавеј“.

На четвртото место на листата на Форбс е Амансио Ортего, основач на модната куќа Индитекс, во рамки на која соработува брендот Зара. Неговото богатство е проценето на 64,5 милијарди долари.

Коосновачот на социјалната мрежа Фејсбук Марк Цукенберг, напредуваше за пет места, завршувајќи на 16 место, што е прв пат да се најде внатре во престижниот круг од 20 најбогати луѓе во светот.

Кинескиот милијардер Џек Ма, чија платформа за трговија преку интернет Алибаба минатата година имаше најголема јавна понуда да акции на Њујоршката берза некогаш, влезе помеѓу 50 најбогати луѓе на светот, заедно со уште двајца кинески државјани.

Забележиво, е дека, според листата на Форбс, бројот на милијардери непрекинато расте, па оваа година нивниот број достигна нов рекорд од 1.826  милијардери во однос на минатогодишните 1.645.

Јакнењето на доларот спрема еврото, во комбинација со падот на цената на нафтата, според оценките на Форбс, имало значајно влијание на овогодишната листа на најбогати луѓе на светот.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка