БИЛ ВО КОНТАКТ СО ЗАБОЛЕН: Битиќи оди во изолација
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Октомври, 2020
Поради контакт со заболен, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи е во самоизолација.
Информацијата ја објави тој на својот Фејсбук профил.
„Моменталните услови на живеење за сите нас се променливи и непредвидливи, коронавирусот наметнува брзо прилагодување на новите услови. Ова значи враќање во нормалното секојдневно работење и живеење, секако со почитување на сите мерки за заштита и превенција, но од друга страна и одговорност за себе и луѓето околу нас и почитување на насоките на Институтот за јавно здравје за изолација и тестирање кога сме имале контакт кој можеби не става под ризик. Поради контакт со позитивно лице, во следните неколку дена влегувам во самоизолација, после што ќе направам тест. Во моментов немам никакви симптоми и се чувствувам одлично. Ова ги менува моите секојдневни обврски и планови кои ги имав за наредните денови, се извинувам за сите откажувања на гостувања, состаноци и планирани средби. Здравјето и безбедноста на оние околу мене, семејството, тимот и соработниците е приоритет. Бидете здрави и живи и ова ќе помине“, пишува Битиќи.
Македонија последните денови урива рекорди со бројот на заразени од коронавирусот.
Има заразени пратеници, но и други екс функционери и политичари.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.