19 Декември, 2025
0.0490

Бимилк подароци за децата од социјално-загрозените и ранливите категории низ цела Македонија

Објавено во: Мои пари 26 Декември, 2022 14:45

Добивај вести на Viber

За повесели и посреќни празници Бимилк и оваа година за децата од ранливите категории донираше новогодишни пакетчиња низ цела Македонија, со што придонесе за новогодишната и празничната радост да стигне во што повеќе домови и до секое дете.

„Празниците се период за споделување, а новогодишните празници се најголемата радост за децата. Тоа што живееме во време на економска нестабилност не треба да нè спречува како општествено одговорни компании сите да помогнеме и да придонесеме за секое дете да ја почувствува радоста и задоволството на празниците. Лично сметам дека е наша обврска да ѝ вратиме на заедницата во која дејствуваме, бидејќи токму таа заедница е онаа што го гради брендот на Бимилк веќе 70 години наназад. Децата се нашата клучна категорија и секој придонес за нивно подобро здравје е наша долгорочна цел и заложба на која континуирано работиме“, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг-менаџер во Бимилк.

За донацијата се избрани омилените производи за децата така што пакетчињата содржат различни млечни производи со овошни и чоколадни вкусови и сокови од портфолиото на компанијата. Новогодишни подароци од Бимилк ќе добијат 780 деца од осум социјални и згрижувачки центри од целата држава. Распределбата и доставата до децата се одвива преку организациите на Црвен крст, општинска организација Кисела Вода и општинска организација Битола, Дневен центар за лица со Даунов синдром „Доза среќа“, Институт за Церебрална парализа - Битола, Граѓанско здружение за унапредување на образованието кај Ромската популација „Ирхом Топаана“, Центар за лица со Даунов Синдром/Инвалидитет – Битола, СОС детско село и Детскиот креативен центар во склоп на МКЦ, Аутизам ААМК.

Битолска млекара и во минатото помагала на најразлични начини за социјално ранливите категории и за добросостојбата на заедницата воопшто, соработувајќи со повеќе невладини организации и здруженија.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција