БИРАЈТЕ КАДЕ ОДИТЕ НА ОДМОР И КАКО СЕ ОБЛЕКУВАТЕ: Еве каде ќе летаат казни и до 200 евра!
Објавено во: Финансии 10 Мај, 2023
Туристите и жителите на Будва кои се движат низ улиците, во реонот на стариот град во костим за капење или без парче облека, ќе бидат казнети со 200 евра. Ова е дефинирано со Одлуката за комунален ред, која беше усвоена на седницата на Собранието на општина Будва, а објавена во Службен весник на крајот на април.
Согласно Одлуката за комунален ред, во просторот за капење можете да престојувате во костим за капење.
Казните се поригорозни во однос на санкциите кои беа предвидени во претходната одлука, пишува порталот Приморски.
- Општинската инспекција и полицијата на општина Будва се одговорни за почитување на оваа одредба - објасни градоначалникот Милош Тајиќ.
Со усвојувањето на оваа одлука во локалниот парламент, Будва им се придружи на Сплит и Дубровник, кои воведоа казни за голите туристи.
Од август 2020 година, градот Дубровник има слична одлука за комунален ред. Голи туристи за шетање по Страдун и други делови на Дубровник ќе им платат на општинските инспектори казни од 130 евра.
На почетокот на годинава во Сплит стапи на сила новото решение за комунален ред, со кое за прекршителите се пропишани повисоки казни од 150 евра.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.