Битолчанец полово злоупотребил немоќно лице и снимал за Youtube
Објавено во: Македонија 29 Мај, 2024
Основното јавно обвинителство Битола со наредба спроведува кривична постапка против 23-годишен битолчанец за полова злоупотреба на немоќно лице и одреден му е притвор од 30 дена.
На 23 април, во својот дом во Битола, осомничениот полово злоупотребил лице со трајно душевно заболување, го навел да изврши полово дејствие, а чинот го снимал и го пренесувал во живо на регистриран канал на Youtube.
„Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Оценувајќи дека предлогот е оправдан и законски основан, Судот определи притвор во траење од 30 дена“, објави битолското обвинителство.