17 Декември, 2025
0.0518

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2025 11:22

Добивај вести на Viber

Контроверзниот бизнисмен со нафтени деривати Љупчо Пецов - Ѓаволот по втората поднесена жалба е пуштен од ефективен во домашен притвор, во случај поврзан и со апсењето на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа кој беше фатен во обид како адвокат со 100.000 евра да поткупи судија за да суди во корист на осомничениот неготински трговец.

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов од Неготино за случајот „Синџир“ и го потврди решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое е одбиен предлогот за укинување на мерката притвор со понудена гаранција. Но сега по два дена Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција известува дека Пецов е пуштен во домашен притвор поради нарушено здравје.

„Одбраната на лицето за кое покажувате интерес до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за изменување на определената мерка притвор во поблага мерка укажувајќи на нарушената здравствена состојба на лицето кое веќе било на болничко лекување поради истата и на кое му било препорачано понатамошно лекување. 

ОЈО ГОКК ценејќи ги истакнатите околности, како и околностите што укажуваат на сериозни влијанија врз постапката и влијанија врз лицето, фактот дека лицето доброволно се пријавило и ги предало двете патни исправи што ги поседува и индициите што укажуваат дека со спроведување на обвинетиот во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, јавниот обвинител на закажаното рочиште пред судијата на претходна постапка го измени предлогот и предложи да му биде определена мерка куќен притвор со 24 часовен надзор, со која може да се обезбеди неговото присуство во понатамошниот дел од постапката“, соопшти ОЈО ГОКК.

Претходното решение рсо кое му е одбиено барањето за укинување на притворот. било донесено пред нешто повеќеод две недели. Решението било донесено на 2 декември годинава и по завршување на жалбената постапка е доставено до Основниот кривичен суд Скопје на 11 декември 2025 година на понатамошно постапување.

Случајот „Синџир“ се однесува на организиран криминал за даночно затајување и оштетување на државниот Буџет за осум милиони евра. Во него беа обвинети 41 физичко и правно лице. Дел од нив склучија спогодба со Обвинителството и беа осудени и на затворски и на парични казни. Љупчо Пецов, познат под прекарот Ѓаволот, е обвинет како еден од организаторите на шемата на даночно затајување, но за него постапката беше прекината бидејќи беше во бегство.

Овој предмет стана повторно актуелен откако неделава Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори истрага во која е приведен поранешниот државен правобранителот Стафа осомничен за примање поткуп од 50.000 евра.


Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката