17 Декември, 2025
0.1020

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2025 10:39

Добивај вести на Viber

МВР поднесе кривична пријава за транспортери од тетовско кој со  „измама“ и „давање лажен исказ“ сакал да продолжи да превезува ученици за средно училиште иако договорот му бил истечен.
Две лица од фирмата фирмата изготвиле фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици во Тетово биле истечени и на тој начин требало да заработат 15.034.110 денари.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(46) од Тетово и против правно лице –транспортно претпријатие од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и „давање лажен исказ“. 
Во текот на септември и октомври 2024 година, пријавените, иако знаеле дека договорот за превоз на редовни ученици, склучен помеѓу пријавените и средно училиште бил истечен, без правен основ изготвиле фактури во износ од 15.034.110 денари за двата месеци и ги доставиле до надлежните служби на училиштето со намера да биде извршена наплата. Пријавените не успеале да ги доведат во заблуда надлежните во училиштето, по што на нотар дале лажен исказ и ги доставиле фактурите со барање да изготви предлог решение за нотарски платен налог, кое било донесено од нотарот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ќ.Ф.(59) од с.Шемшово и правно лице од с.Шемшево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „давање лажен исказ“. Во текот на септември и октомври 2024, пријавените, иако знаеле дека договорот за превоз на редовни ученици склучен помеѓу пријавените и средно училиште во Тетово бил истечен, на 10.06.2025 без правен основ, изготвиле фактури за 09-ти и 10-ти месец 2024 во вкупен износ од 2.152.447 денари, а потоа ги доставиле до надлежните служби на наведеното училиште, со намера да ги доведат во заблуда и да биде извршена наплата на доставените фактури. 
Пријавените кај нотар дале лажен исказ, барајќи да изготви предлог решение за нотарски платен налог“, објави МВР.


Можеби ќе ве интересира

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...