19 Декември, 2025
0.0818

Битолски сирења без адитиви за поздраво уживање

Објавено во: Мои пари 18 Октомври, 2016 12:34

Добивај вести на Viber

Сирењето е совршено за секоја пригода, од брза закуска до елегантна дегустација со аперитив – и се’ останато помеѓу овие две. Но, покрај тоа што е многу вкусно и хранливо, сирењето е и најразноврсниот млечен продукт чие консумирање може да влијае многу позитивно на здравјето во зависност од начинот на кој се произведува.

Некои луѓе внимаваат и ја ограничуваат консумацијата на сирење, најчесто поради мастите и бидејќи се грижат за својата линија, но исто така и поради адитивите кои сирењата ги содржат со цел зголемување на рокот на употреба, подобрување на вкусот или бојата.  Меѓутоа, со правилно применетите модерни технологии на производство на сирење нема потреба од вакви ограничувања, туку напротив, сирењето станува продукт кој позитивно влијае врз добросостојбата на организмот.

Повеќето производители на прехранбени производи во трката за подобар продукт не ги бираат адитивите и нивните количини. Бимилк е една од ретките компании во земјава и регионот кои постојано работат на подобрување на процесот на производство во насока на добивање на поздрави продукти. Па така, Битолските сирења се богати со многу хранливи материи, протеини, калциум, а содржат и многу витамини.

Благодарение на капиталните инвестиции и модернизацијата на технологијата, токму белите сирења на Бимилк се произведуваат од 100% млеко и не содржат конзерванси, емулгатори, суплементи и вештачки бои, со што се едни од најздравите млечни продукти на македонските трпези.Покрај ова, со последните надградби на технологијата, вкусните Битолски бели сирења имаат намалено ниво на сол за 20%.

На овој начин Бимилк уште еднаш ја покажува својата стратегија да инвестира во технологиите на производството, со цел подобрување и надградба на своите продукти, а во функција на здравјето на консументите.

За повеќе информации за „Бимилк“ посетете ја нашата веб страна:

www.bimilk.mkилиФејсбук страната на Бимилк.


Можеби ќе ве интересира

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“