Битолскиот градоначалник се врати на работното место
Објавено во: Македонија 23 Септември, 2016
Битолскиот градоначалник Владимир Талески се врати на работа четири дена по укинувањето на мерката куќен притвор.
По три месеци минати во куќен притвор тој од денеска продолжува со работа. Во својот кабинет претпладнево Талески имал состанок со дел од вработените. Првиот човек на Битола е осомничен од СЈО за злоупотреби со ученички превоз во општината „тешки“ 360.000 евра. Во истиот случај осомничени се 22 лица.
На Талески му беше одредена мерка куќен притвор на 16 јуни, а по барање на
СЈО му беше продолжен во два наврати. Апелација во понеделникот одлучи да го укине куќниот притвор и да му одреди мерка на
претпазливост. Талески два пати неделно ќе треба да се јавува во Основниот суд во Битола. СЈО ја
обжали ваквата одлука на Аплеација и бара судот да го задржи битолскиот градоначалник во притвор.