05 Декември, 2025
0.3492

Бизнисмените да аплицираат за кредитите со субвенционирана камата од МБПР

Објавено во: Финансии 19 Мај, 2013 18:31

Добивај вести на Viber

 Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска апелира бизнисмените да аплицираат за кредитите со субвенционирана камата од Македонската банка за поддршка на развојот.

- И во време кога комерцијалните банки се соочуваат со криза во кредитирањето, Владата преку кредити со субвенционирани камати преку МБПР постојано ги поддржува и им помага на малите и средните претпријатија, изјави Сарачини по посетата на хотелот „Њу Стар“ во индустриската зона Визбегово.

Според последните информации, додаде, компаниите досега искористиле 61 милион евра од последната кредитна линија од Европската инвестициска банка од 100 милиони евра со што се кредитирани над 200 проекти.

- Со реализирањето на целата сума од 100 милиони евра ќе бидат отворени нови 1.300 работни места. Ова покажува дека интересот за кредитните линии е голем од едноставна причина, поевтиниот извор на финансирање што во овој случај е каматна стапка од 5,5 отсто, посочи министерот.

За хотелот „Њу Стар“ е искористен кредит од 200 илјади евра. Со оваа сума, освен извршените инвестиции, како што нагласи Сарачини, отворени се и нови 20 работни места.

- МБПР располага со средства во секое време, била и ќе продолжи да биде во служба на компании со добри бизнис планови. Соработува со 12 комерцијални банки, а процедурата за аплицирање е едноставна. Претпријатијата треба да достават барање и да имаат добар бизнис план, истакна главниот оперативен директор на МБПР Бесим Билали кој го придружуваше Сарачини при посетата на „Њу Стар“.

Средства, рече, имало и секогаш ќе има. Досега се финансирани повеќе од 200 проекти со над 60 милиони евра, а останатите барања се во процес на проценување.

- Најдобар доказ е фактот што МБПР досега има искористено во целост две кредитни линии од 100 и 50 милиони евра од ЕИБ, а наскоро планира да повлече уште една линија, нагласи Билали.

Сопственикот на хотелот Џемаил Зеќири информира дека со заемот од 200 илјади евра се изградени и спортски терени. Веќе аплицирал за уште еден кредит и се надева на позитивен одговор.

Министерот Сарачини ги повика компаниите да ги искористат поволностите на МБПР зашто процедурата за земање кредити е едноставна и брза, трае највеќе 45-60 дена.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката