16 Декември, 2025
0.0547

Бизнисмените на средба со Вучиќ – добредојдени сите што плаќаат најмногу данок

Објавено во: Балкан 12 Мај, 2014 20:04

Добивај вести на Viber

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска оствари средба со српските бизнисмени, но и со странските инвеститори во Србија, со цел да ги слушне нивните барања и проблеми, но и да им ги претстави најновите економски мерки на српската Влада. Критериум за средба со премиерот беше висината на платениот данок, па така „во друштво“ на Вучиќ се најде и првиот човек на „Холдингот Делта“ Мирослав Мишковиќ, иако против него се води судски процес за криминална приватизација. „Знаете, за разлика од другите, јас немам подобни и неподобни. Постои само еден критериум врз основа на кој ги повикуваме луѓето, а тоа е - колкав данок плаќате на државата. Јас навистина мислам дека тоа е најчесно“, рече Вучиќ, нагласувајќи дека одлуката за евентуалната вина на Мишковиќ треба да ја донесе судот. На средбата со првиот човек на српската Влада присуствуваа и повеќе други српски бизнисмени, но и неколку министри и претставници на Стопанската комора на Србија. Странските инвеститори добиле ветување од Вучиќ дека ќе продолжат стимулациите за нови вработувања во форма на даночни олеснувања. Така, секој странски инвеститор кој ќе отвори 10 нови работни места во Србија, плаќа придонеси само за три од нив, додека за останатите седум придонесите ги покрива државата. Српскиот премиер вели дека најтешко му паднал состанокот со српските градежници, затоа што од нив слушнал најпесимистички пораки. „Тоа ќе мора да го менуваме и да помогнеме колку можеме - ние веќе немаме ниту водоинсталатери, а за инжинери и да не зборувам“, рекол Вучиќ.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата