05 Декември, 2025
0.4129

„БИЗНИСОТ ИМА ПОТРЕБА ОД ТИЕ ПАРИ“: Азески е оптимист дека ќе се најде решение на средбата меѓу Владата и банките

Објавено во: Финансии 13 Ноември, 2024 14:51

Добивај вести на Viber

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески очекува дека ќе се најде решение во интерес на бизнисот за каматата и провизиите за унгарскиот кредит наменет за компаниите на состанокот меѓу Владата и банките што ќе се одржи во недела во Министерството за финансии. 

Иако не е поканет на состанокот, како што вели, оптимист е дека ќе се најде решение и апелира тоа да оди во пакет со прашањето за капитализацијата на Македонската банка за поддршка на развојот затоа што таква институција е потребна за бизнисот. Доколку го поканат на состанокот подготвен е да оди.

- Досега не сум поканет, а време има да ме поканат. Кога се работи за интересите на бизнисот на полноќ да ми јават ќе станам и ќе одам, и во недела. Го пратам процесот како и сите заинтересирани луѓе и јас во колумна го изнесов својот став. Може тој да се коментира и вака и така, но ние бизнисмените не можеме да се согласиме, односно да содејствуваме во една состојба во која што имаш пари на сметката, а не знаеш што да правиш со нив. 

Значи, еден ден да седат за нас е тоа изгубено време. Мислам дека е време да се разреши тоа прашање и дека имаат капацитет и Владата и банките да го разрешат тоа прашање и се надеваме дека тоа ќе биде во интерес на фирмите, бидејќи овие средства се наменети баш за нив - рече Азески  во одговор на новинарско прашање по потпишувањето договор за соработка со Транспаренси Интернешнл – Македонија.

На таков начин, додаде, ќе се помогне на стопанството да се преброди периодот до почетокот на следната година, кога имаме сериозна обврска за враќање на обврзницата за која што се резервирани пари и нема да се подјадуваат капиталните инвестиции или други со ребаланс на буџетот, туку ќе се искористат за развој на бизнисот. 

Прашан колкава банкарска провизија бараат банките за заемот, рече дека не знае, но додаде дека ако е каматата 3,25 проценти не може да се земе некоја баснословна сума за провизија.

- Се знае колку е провизијата во однос на каматата. Така што, ќе биде тоа во рамките на очекувањата на бизнисот. Бизнисот има потреба од пари секогаш за инвестиции и од она што го знаеме од анкетите ќе има инвестициски програми коишто чекаат на реализација. Заеднички банките со смалување на нивните редовни каматни стапки за инвестициски активности и државата со оваа помош треба да помогнат бизнисот да направи чекор и да не се срамиме веќе од бројките од 1,8 проценти раст на БДП, туку да се дигне како што е предвидено на 3-4 отсто за да можеме да бидеме во рамноправна трка со сите. Вака со просек којшто е на ниско ниво 30 години практично ја загрозуваме иднината на нашите деца и не можеме да го спречиме процесот на иселување, потенцира Азески.

Тврдам, посочи, дека банките во делот на бизнисот се со најпрофесионална структура, а Владата има голема одговорност сега на почетокот на мандатот да направи добар потез.

- Така што мислам дека бизнисот овој пат ќе ќари, нема каде да се оди, едните треба постојано да се докажуваат, другите се на почеток на мандатот, а ние сме тие што треба да ги искористиме тие средства на најадекватен начин. Тоа значи, и понатаму извозот да остане приоритет број еден, со тоа да се подобри продуктивноста и иновативноста и можеме на тој начин да создадеме додадена вредност со која што ќе ги враќаме долговите којшто ги направил некој пред нас, порача Азески.

На барање на премиерот Христијан Мицкоски во недела во Министерството за финансии ќе се одржи состанок со банките за одредување на трошоците кои ќе треба да ги платат фирмите за префрлање на парите од унгарскиот заем наменет за поддршка на компаниите. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката