05 Декември, 2025
0.0414

ПО СЕДУМ ГОДИНИ БЛАЖ БРОДЊАК ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАДЗОРЕН ОДБОР НА НЛБ БАНКА СКОПЈЕ - презема други активности во НЛБ Љубљана

Објавено во: Финансии 14 Октомври, 2024 16:09

Добивај вести на Viber

Блаж Бродњак, претседател на Управниот одбор на Групацијата на Нова Љубљанска банка Љубљана, повеќе нема да биде претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје. 

За ова извести НЛБ Банка Скопје преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. 

„Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје известува дека на ден 10.10.2024 година, Г-дин Блаж Бродњак, поднесе оставка од функцијата Претседател на Надзорниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

До добивање на согласност од Гувернерот на Народната Банка на Република Северна Македонија за именување на нов член на Надзорниот одбор на Банката, г-дин Блаж Бродњак ќе продолжи да ја извршува својата функција како Претседател на Надзорниот Одбор на Банката“, се вели во овјавата од НЛБ Банка Скопје.

Фактор се обрати до Групацијата на НЛБ Банка во Љубљана за објаснување за настанатата промена, а оттаму за нас го дадоа следново објаснување.

„Промената на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје се планира веќе извесно време, бидејќи досегашниот Претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Блаж Бродњак, на оваа функција беше повеќе од 7 години и по последните активности за преземања, презема и други должности во рамките на членките на НЛБ Групацијата.

Блаж Бродњак останува претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје до назначувањето и добивањето на сите потребни одобренија на неговиот наследник/наследничка, што, со целосна доверба кон новото раководство на банката, ќе овозможи непречен и континуиран процес на нејзиното работење во иднина.

Во секој случај, Блаж Бродњак во улога на Претседател на Управниот одбор на матичната банка НЛБ д.д. во рамките на својата линија на известување, има целосен ангажман во натамошните развојни активности на НЛБ Групацијата на стратешки исклучително важниот пазар на Република Северна Македонија“, се вели во објаснувањето кое Фактор го доби од НЛБ Љубљана.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката