Добивај вести на Viber
Cрбија да направи отстапки при увозот на хрватските цигари, со цел тие да се продаваат на српскиот пазар по поповолни услови. Вакво барање денеска ќе упати еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој во Белград ќе се сретне со премиерот Ивица Дачиќ и со вицепремиерот Александар Вучиќ, пишува српскиот весник "Блиц".
Неименувани извори посочуваат дека Филе ќе побара Србија да одобри квоти за увоз на хрватските цигари, без оглед на членството на Хрватска во Европската унија .