БЛИСКУ ДО ЦЕЛТА: Научниците од Оксфорд во трка за побрзо развивање на вакцина против Ковид 19
Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Април, 2020
Научниците од Оксфорд водат во напорите за вакцина против коронавирусот.
Тие планираат масовно тестирање следниот месец, што е временска рамка многу побрза од вообичаениот пат да се стаса до вакцина.
Научниците од Универзитетот во Оксфорд се во трка со времето да развијат вакцина за коронавирусот и пред вообичаената медицинска временска рамка.
Научниците изразија увереност во капацитетот тоа да го сторат побрзо од предвиденото време, и ја зголемија надежта ширум светот дека нема да се чека за вакцината до следната година.
Првата вакцина беше развиена на Институтот Џенер во Британија минатата недела. Научниците планираат масовно тестирање следниот месец, што е временска рамка многу побрза од вообичаениот пат да се стаса до вакцина.
Њујорк тајмс објави дека научниците планираат да ја тестираат вакцината на 6.000 луѓе до крајот на мај.
Тимот од Оксфорд најави дека целта е да се произведе еден милион дози од вакцината, и ако се покаже ефикасна, во следните 12 до 18 месеци, да биде достапна до здравствените лица ширум светот.
Професорката Сара Гилберт, водечки научник во програмата, рече дека е „80% убедена“ дека вакцината ќе функционира.
Истражувачите велат дека ако нема конкретни резултатите во Британија, тогаш новите тестирања може да се префрлат во друг дел од светот, каде вирусот порапидно се шири.
Етичките прописи, генерално, им забрануваат на научниците да вбризгуваат инјекции со сериозни зарази врз здрави пациенти.
Досега, беа направени повеќе од 100 обиди за развивање на вакцината за коронавирусот, но само неколку тестови беа извршени врз луѓе.фото Њујорк Тајмс
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.