16 Декември, 2025
0.0483

БЛИЗУ 180.000 ГРАЃАНИ СЕ ВАКЦИНИРАНИ: Можно е помладите да почекаат подолго за термин за вакцинација, приоритет се повозрасните

Објавено во: Македонија 14 Мај, 2021 12:32

Добивај вести на Viber

Во Македонија се вакцинирани 150.000 граѓани со прва доза од вакцината против корона вирусот и уште 30.000 граѓани кои се ревакцинирани, информираше денеска министерот за Здравство Венко Филипче, кој нагласи дека вакциналниот процес се одвива непречено и на вакциналните пунктови за масовна имунизација, како и во здравствените домови. Истовремено, министерот го најави денешнопто пристигнување на нови 40.000 дози вакцини од АстраЗенека преку Ковакс механизмот, како и утрешната донација од 100.000 вакцини на Синофарм од кинеската армија.

-Продолжуваме да ставаме акцент на вакцинацијата на повозрасните граѓани, кои дополнително се пријавија, односно по 30.април, кога го направивме тој пресек и до кога имаше 140.000 пријавени. Сега се околу 160.000 пријавени на сајтот vakcinacija.mk, истакна Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање дали до утре, 15. мај, како што претходно беше нагласено, ќе добијат термин за вакцинација и помладите кои се пријавија во системот до 30.април, министерот даде позитивен одговор,

-Да, или утре, а можеби ќе биде и понеделник. Значи сите пријавени. Но, сега малку повеќе го ставаме акцентот на новопријавените, над 70 години, со цел да се заштити таа најкритична категорија граѓани. Што значи дека е можно помладите нешто подолго да почекаат, зошто сметаме дека приоритет е да се заштитат повозрасните граѓани, нагласи министерот за здравство.

А.Б.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“