22 Мај, 2024
0.0427

BMW Generation X roadshow: Почувствувајте го задоволството во возењето на најновите BMW модели

Објавено во: Мои пари 13 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

М Кар - увозникот за BMW во Македонија, во соработка со BMW Group, организира ексклузивен BMW Generation X настан за да ја промовира целата гама на BMW X модели.

BMW Generation X roadshow, е патувачка манифестација, која го промовира целото семејствона BMW X модели. Меѓу 10-те други европски земји, доаѓа и во Скопје. Од 12-ти до 14-ти мај, македонската јавност ќе има можност да го почувствува задоволството во возењето на најновите BMW модели преку xDrive тест возењето.

_TOM4494

Во модерниот, подвижен павиљон стациониран напредниот паркинг во СЦ Борис Трајковски,  бea претставени сите возила од BMW X гамата, како и ексклузивниот модел BMW X6 M и возилото за вистинските познавачи - BMW M2 Coupe кое ја доживеа својата македонска премиера.

На рампите поставени специјално за оваа пригода, посетителите ќе имаат можност да научат сé за карактеристиките на xDrive од BMW инструкторите. Тие исто така ќе имаат и можност да ги почувствуваат предизвиците на авантурата, тестирајќи ги X моделите со xDrive на интересни рути во околината на Скопје.

_TOM4258

М Кар, официјалниот увозник на BMW во Македонија во неговото седуммесечно постоење, успеа повторно да ја воспостави премиум позицијата на пазарот за брендовите BMW и MINI и им овозможува на сопствениците на возилата сигурен и врвен сервис и постојана поддршка. Веднаш по минатогодишната премиера во Франкфурт, компанијата ги промовираше новите модели на BMW Серија 7 и BMW X1. BMW X1, е прогласен за “SUV на годината во Македонија” за 2016,престижна локална награда доделена од страна на националното жири запоследните иновации и перформанси на моделот. Компанијата М Кар е постојано посветена на своите клиенти. Таа нуди поволни финансиски услови за потенцијалните купувачи и посветеност со што ја зацврстува довербата на сегашните клиенти. Тековната кампања на М Кар во соработка со Централно Кооперативна  Банка со само 4,4% каматна стапка, без дополнителни трошоци им нуди можност на сите заинтересирани купувачи да дојдат полесно до своето ново BMW или MINI возило.

_TOM4362

BMW xDriveе погон кој обезбедува најдобар трансфер на сила на тркалата во секое време, истовремено подобрувајќи ја агилноста и безбедноста на возилото. Дистрибуцијата на силата на предните и задните тркала во сооднос од 40:60 се подесува кога движењето на возилото или условите на патот ќе се променат. Возењето по стрмни патишта и влегувањето во кривини сега е многу поудобно со системот xDrive - благодарение на динамичните промени на преносот на сила, возилото останува стабилно и системот реагира пред патниците да почувствуваат и најмала неудобност.

_TOM4402

Овие придобивки од xDrive се и главната причина за светскиот успех на Х моделите на BMW. Исто така, нивниот проактивен систем, нивната потрошувачка, разновидност и просторност ги прави идеални за македонскиот пазар.

DSCN5029

Покрај X моделите, на Generation X roadshow во Скопје за прв пат пред македонската јавност беше презентиран и ексклузивниот BMW M2 Coupe. Како најнов прилог кон М линијата на возила, ништо не го дефинира наследството на легендарните перформанси подобро од првиот BMW M2 Coupe. M е најсилната буква во светот. Иконите за генијален спортски автомобил BMW M3 или BMW M5 седан, како и секогаш  ги поместуваат границите поставувајќи совршена формула за баланс  на шасија, реакција на управувачот и моќ во сооднос со тежината. На кратко, тоа е сè што ја прави BMW врвна машина за возење.

Можеби ќе ве интересира

Македонија2025 го организираше третиот САЕМ ЗА НАУКА: Дел од проектот „Науката и Јас“

Македонија2025 го организираше третиот САЕМ ЗА НАУКА: Дел од проектот „Науката и Јас“

Со спектакуларен концерт на Џибони, Fashion Group прослави 20 години!

Со спектакуларен концерт на Џибони, Fashion Group прослави 20 години!

Двајца уметници од регионот победници на НЛБ Муза, повикот на НЛБ Групацијата за интермедијална уметност

Двајца уметници од регионот победници на НЛБ Муза, повикот на НЛБ Групацијата за интермедијална уметност

Гранд Скопје на Конференцијата за недвижности ќе се претстави со иновативни и функционални решенија за инвестирање во иднината

Гранд Скопје на Конференцијата за недвижности ќе се претстави со иновативни и функционални решенија за инвестирање во иднината

ПЕТ ФАКТИ КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ВИВА SMOOTHIE

ПЕТ ФАКТИ КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ВИВА SMOOTHIE

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

Porsche традиционално на патиштата низ Македонија со ексклузивниот Road Tour

Porsche традиционално на патиштата низ Македонија со ексклузивниот Road Tour

Утре се одржува втората Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА

Утре се одржува втората Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА

Кина гради радарска мрежа за поддршка на глобалната вселенска временска прогноза

Кина гради радарска мрежа за поддршка на глобалната вселенска временска прогноза