05 Јули, 2024
0.0280

Богов: Ако продолжи политичката криза економијата ќе страда

Објавено во: Економија 23 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Веќе три месеци наназад земјава се соочува со политичка нестабилност која има неизвесна разврска и истата според гувернерот на народната банка Димитар Богов би можела биде закана за економијата и да се одрази со негативни последици.
Пред да ги објави проекциите во првата недела во мај за економскиот раст за 2015 година, НБРМ работи на истите и не се знае дали истите би можеле да одат нагоре или надолу.
„Условите кои досега ги разгледавме и кои се како импути во нашите проекции не се многу променети  од октомвриската проекција кога предвидовме раст на економијата од 4,1 отсто во 2015 година. Кај екстерните импути дури има и некакво подобрување, бидејќи сега има подобри очекувања за растот на европската економија, а тоа е многу значаен импут за нашите производи и извоз- изјави гувернерот Богов во одговор на новинарско прашање на паузата на Четвртата меѓународна истражувачка конференција на НБРМ на тема „Справување со структурните ригидности во контекст на ефективноста на трансмисијата на монетарната политика“.
-Ги земаме предвид и најновите случувања во политиката на домашен терен кои се фактор на ризик кој би имал негативни ефекти доколку целата ситуација продолжи подолг период, потенцираше Богов одговарајќи на новинарско прашање дали актуелната политичка нестабилност може да влијае на економијата.
Во врска со зголемувањето на внатрешното задолжување за финасирање на фискалната политика Богов вели дека не очекува да предизвика позначителни ефекти врз растот на економијата.

- Како импут во нашите проекции го земаме задолжувањето на државата кое е планирано во Буџетот од кое дел е планирано како надворешно, а дел како внатрешно. Може да има некои поместувања меѓу внатрешното и надворешното задолжување, но во секој случај тоа е нешто што го координираме со монетарната политика. Монетарната политика постојано се прилагодува на тие движења и не очекувам некои позначителни ефекти од таквите евентуални промени во финансирањето на фискалната политика- рече тој.

За актуелната дефлација во Македонија, гувернерот на НБРМ рече дека е привремен феномен кој се должи на намалувањето на цените на светскиот пазар на суровата нафта и храната и додаде дека без позначителна интервенција  од НБРМ ќе се доведе во нормални рамки.

- НБРМ нема потреба да преземе мерки за дефлацијата затоа што главно е предизвикана од пониските увозни цени на нафтата, нафтените деривати и главните прехранбени производи,  како што се пченицата и пченката, чии цени на светскиот пазар  минатата година имаа надолен тренд. Тоа се позитивни ефекти од движењето на цените на светскиот пазар кои се пренесени во македонската економија. Домашната побарувачка е доста здрава, расте и не е причина за дефлациските тенденции и затоа сметаме дека дефлацијата е привремен феномен кој во текот на годината ќе изчезне и полека ќе имаме позитивна стапка на инфлација која годинава веројатно ќе биде под 1 процент, а наредната година  веќе може да очекуваме инфлација меѓу 1 и 2 процента- истакна гувернерот.

Можеби ќе ве интересира

ЧИПОВИТЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ГИ „КАТАПУЛТИРАА“ РЕЗУЛТАТИТЕ НА SAMSUNG: Компанијата очекува уште една добра година

ЧИПОВИТЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ГИ „КАТАПУЛТИРАА“ РЕЗУЛТАТИТЕ НА SAMSUNG: Компанијата очекува уште една добра година

ПЛАТЕТЕ ГО ВЕДНАШ ДОСПЕАНИОТ ДАНОК ПО ДЛД-ГДП ЗА 2023 ГОДИНА И ИЗБЕГНЕТЕ ПРИСИЛНА НАПЛАТА ОД УЈП!!- се огласија од даночната администрација

ПЛАТЕТЕ ГО ВЕДНАШ ДОСПЕАНИОТ ДАНОК ПО ДЛД-ГДП ЗА 2023 ГОДИНА И ИЗБЕГНЕТЕ ПРИСИЛНА НАПЛАТА ОД УЈП!!- се огласија од даночната администрација

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ НЕВРАБОТЕНИ ОТКОЛКУ ВО ХРВАТСКА - во „морската“ држава сѐ повеќе се бараат работници

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ НЕВРАБОТЕНИ ОТКОЛКУ ВО ХРВАТСКА - во „морската“ држава сѐ повеќе се бараат работници

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш