05 Декември, 2025
0.0284

Богов до Стопанска комора на Македонија: Нема да има дебата за курсот на денарот!

Објавено во: Финансии 03 Јуни, 2015 08:13

Добивај вести на Viber

Првите луѓе од Стопанската комора на Македонија најавија дека ќе бараат дебата за тоа дали курсот на денарот е реален. Гувернерот Димитар Богов – експресно возвраќа дека за тоа прашање нема да се отвора никаква дебата. И дел од експертската јавност, смета дека ваквата идеја на стопанствениците од Стопанската комора на Македонија би била погрешна и погубна за економијата на долг рок. Одлично е што стопанската комора се вклучува поактивно во предлагањето мерки за подобра бизнис клима, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески, и додава дека тоа е особено од аспект што  до владата ретко доаѓаат конкурентни идеи од самиот бизнис. Но, сепак Петрески потенцира дека идејата со курсот на денарот да се помага на реалниот сектор не е соодветна. „Што се однесува до предлогот за тоа како со курсот на денарот да се помогне реалниот сектор, мислам дека коментар не е потребен. Тоа би било сосем погрешно и погубно за економијата на долг рок. Во моментот нема позначајни индикации дека нивото на денарот во однос на еврото е погрешно, односно да не е во линија со фундаментите. Негова промена во насока на поттикнување на извозот веднаш ќе го поскапи увозот, што во услови на висок преносен ефект врз домашните цени ќе влијае неповолно на економијата. На долг рок можни се и други негативни последици. Затоа, за оваа варијанта не треба да се размислува. Извозот треба да се поттикнува само преку релни мерки, што се сведува на една општа цел - извезување производи со повисока додадена вредност, што вклучува поголема ефикасност во работењето и иновација на производите и производните процеси“, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески. Пред неколку дена во интервју за Утрински весник, Елисавета Георгиева, потпретседател на Стопанската комора на Македонија најави дека во пакетот мерки што како предлози  ќе бидат доставени до Владата ќе се побара да  биде отворено и прашањето за курсот на денарот. „Предлагаме да се отвори расправа во државата дали курсот на денарот е реален и доволно стимулативен за развој на бизнисот“, изјави за Утрински весник Eлисавета Георгиева, потпретседател на Стопанската комора на Македонија. Сепак, ваквото барање на Стопанската комора на Македонија категорично беше одбиено од гувернерот Димитар Богов, во интервју за „Економски магазин“ на Алсат-М.  Богов упати и порака до стопанствениците дека конурентноста нема да ја добијат со промена на курсот на денарот. „Ваков предлог јас добив од Стопанската комора и во 2011 година. Им кажав дека расправа за тоа прашање не се отвара. Курсот е во надлежност на Народната банка и Народната банка е таа која ќе одлучи каков ќе биде курсот. Сите наши анализи покажаа дека курсот е соодветен и ние поради тоа не губиме од конкурентноста. Значи ние одржуваме иста инфлација како и во Еврозоната, трошоците за работната сила во изминативе 18 години не се зголемени повеќе отколку во еврозоната. Според сите наши анализи конкурентноста не е нарушена поради стабилниоста на курсот. Конкурентноста не се здобива со промена на курсот“, изјави гувернерот Димитар Богов, за „Економски магазин“ на Алсат-М. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката