Богов нуди решенија, но рацете му се врзани околу стабилниот курс на денарот
Објавено во: Финансии 01 Февруари, 2013 07:27
„Зголемената јавна потрошувачка, односно постојаното зголемување на расходната страна на буџетот покажува дека не може да го обезбеди планираниот и очекуван економски раст. Единствен начин за да се обезбеди одржлив раст е зголемување на извозот. Не е спорно дека кризата го ограничува извозот, но конечно мора да се размислува за можна измена на сегашниот “бетониран“ курс на денарот. Односно да се каже дека тој е преценет. Мора да се отвори дебата на оваа тема “ – вели Наумов.
Гувернерот Димитар Богов објави намалување на стапката на економски раст со образложение дека се зголемуваат ризиците од надвор.
„Како резултат на влошувањето на економските изгледи на евро-зоната, се очекува дека закрепнувањето на домашната економија ќе се одвива со малку поумерено темпо од претходно очекуваното, се до средината на 2014 година. Најновите показатели за економската активност упатуваат на стагнација во 2012 година и постепено економско закрепнување во наредните две години. “ – изјави гувернерот Богов.
Според проекциите на НБМ до година се предвидува стапка на раст од 3 отсто. Еве што проектираше, а што ревидираше Народната банка:


Кредитирањето забави, главен симптом на намалена економија
Она што претставува симптом на забавена економска активност е токму кредитирањето. Ланската 2012 та завршила со стопа на кредититен раст од само 5,4 отсто, што се смета за една од најниските стапки на кредитен раст во изминатите години. Во следните две години се очекува забрзување – но со зголемена претпазливост на банкарите да ги кредитираат граѓаните и компаниите.
„Сепак, неизвесниот глобален амбиент, согледувањата на банките за ризиците и деловните стратегии на европските банкарски групации коишто се присутни и на домашниот пазар може да предизвикаат зголемена претпазливост кај домашниот банкарски сектор во водењето на кредитната политика “ – оценуваат од Централната Банка.
Оваа динамика на кредитирање се случува во година кога НБМ ја намали основната камата за благајничките записи и презеде неколку чекори за олабавување на монетарната политика. Резултати нема – вели Наумов и додава :
„И монетарната и фискалната власт ги намалуваат каматите за благајничките записи и за државните харии од вредност, но тие потези не дадоа резултатити, нема зголемување на кредитната активност “.
Банкари коментираат дека ниската стапка на кредитен раст е одраз на присутните ризици поради кои банките и натаму водат претпазливи и рестриктивни кредитни политики што треба да ја спречат ризичната кредитна изложеност и зголемувањето на нивото на нефункционални кредити.
Анета Додевска
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“





