05 Декември, 2025
0.0279

Богов: По закрепнувањето во ЕУ, очекувам позитивен одраз во Македонија

Објавено во: Финансии 15 Август, 2013 11:18

Добивај вести на Viber

Очекувам закрепнувањето на европската економија да има позитивен одраз врз економскиот раст во македонската економија, која ќе продолжи да расте и во втората половина од годината, како што предвидувавме, изјави гувернерот Димитар Богов за весникот „Дневник“. Економијата на Европската Унија и на еврозоната порасна за 0,3 отсто во второто тримесечје од годинава споредено со првиот квартал, со што се испраќаат охрабрувачки сигнали и за македонското стопанство. - По шест квартали на континуирано намалување на економската активност во еврозоната, охрабрувачки се резултатите од вториот квартал, кои покажуваат излегување од рецесија. Иако растот е слаб и се уште ранлив, првите краткорочни индикатори за јули покажуваат дека тој тренд ќе продолжи и во третиот квартал. Очекувам закрепнувањето на европската економија да има позитивен одраз врз економскиот раст во македонската економија, која ќе продолжи да расте и во втората половина од годината, како што предвидувавме, додава  Богов за „Дневник“. Kако што објави европската статистичка служба Евростат, иако е минимален, овој кварталниот раст значи дека еврозоната конечно излезе од рецесија, откако шест тримесечја или 18 месеци едноподруго беше во минус. Очекувано, растот го предводи моќната Германија, чија економија во второто триемсечие порасна за 0,7 проценти. Но, отпимизам кај стручната јавност во Унијата влева и постигнатиот резултат во Франција, каде што бруто-домашниот производ (БДП) во вториот квартал порасна за 0,5 проценти, што е прв раст по 11 месеци, со што и оваа економија официјално излезе од рецесија. Аналитичарите се сепак воздржани во прогнозите за годинава, иако во нивните изјави доминира благ оптимизам дека може да биде и подобро од првично проектираното. Финансиските аналитичари се согласуваат дека растот е минимален, а долгата рецесија во ЕУ остави многу болни траги, особено за вработеноста. Сепак тврдат оти овие резултати охрабруваат. - Сигналите се добри, но останува да се види што ќе се случува во следните квартали. Сепак, станува збор за еден квартал. Истовремено, во ЕУ има висока невработеност и програми на кратење трошоци што дејствуваат контрапродуктивно на економските движења. Дефинитивно една низа на два-три добри квартални резултати во ЕУ ќе значи дека сме повторно во циклус на економски раст, а тоа ќе биде извонредна инјекција за македонското стопанство во 2014 година – вели Јанко Тренкоски, директор на KБ Прво пензиско друштво, објави Дневник.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката