05 Декември, 2025
0.0545

Богов: Улогата на НБРМ ќе зајакне преку спроведувањето на европските стандарди

Објавено во: Финансии 11 Јули, 2013 10:17

Добивај вести на Viber

Работењето на Народната банка, по теркот на европските стандарди, ќе придонесе за зајакнување на нејзината улога во обезбедувањето на ценовната стабилност и стабилноста и ефикасноста на финансискиот систем во Македонија, истакна вчера гувернерот Димитар Богов, во неговото обраќање по повод заокружување на проектот со Европската централна банка за Анализа на потребите на НБРМ во процесот на пристапување кон Европскиот систем на централни банки и Евросистемот.

- Дозволете ми најпрво да ја искажам својата благодарност до ЕЦБ, со која заеднички ја инициравме и ја остваривме оваа соработка, до националните централни банки од Европскиот систем на централни банки и нивните експерти кои  што се вклучија и беа непосредно ангажирани во остварувањето на Проектот, како и до Делегацијата на ЕУ во нашата земја за поддршката во текот на целото времетраење на Проектот и секако за обезбедената финансиска помош со којашто се овозможи неговото остварување. Воедно би сакал да ја истакнам и придобивката за НБРМ од извонредната соработка со претставниците од ЕЦБ и националните централни банки од Евросистемот - рече Богов.

Имајќи ја предвид улогата на централната банка во процесот на пристапување на земјата кон ЕУ, посочи тој, Народната банка на Република Македонија го започна овој проект со цел да се подготви за идното членство во Европскиот систем на централни банки и Евросистемот. Патот на земјата кон ЕУ е процес којшто бара од нас изградба на силни и ефикасни институции.

Богов се осврна на придобивките кои произлегуваат од овој проект.

- Како прва и најзначајна придобивка од Проектот се соодветните наоди на експертите за постојните јазови и препораките за нивно надминување со временска рамка и потребните ресурси. Во таа насока, Извештајот за анализата на потребите на НБРМ ќе претставува основа за стратегиското планирање на Народната банка и за поставувањето на идната стратегија за приклучување кон Европскиот систем на централните банки и Евросистемот - истакна гувернерот.

Cпоред Богов, во зависност од природата на препораките, некои ќе бидат спроведени во кус временски период, додека, пак, за други ќе биде потребно повеќе време, како и дополнителни технички и човечки ресурси и секако дополнителна техничка помош во однос на искуството и знаењето од ЕЦБ и националните централни банки од ЕУ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката