05 Декември, 2025
0.0619

Богов во Вашингтон: Заздравувањето на европската економија е добра вест и за Македонија

Објавено во: Финансии 11 Април, 2014 18:58

Добивај вести на Viber

Во мај е можна корекција на сегашните проекции за раст на Бруто Домашниот Производ. Засега остануваме на проекција од 3,7% економски раст иако не е исклучена можноста од ревидирање. Ова го најави гувернерот Димитар Богов кој ја претставува Македонија на пролетните средби на ММФ и Светска Банка во Вашингтон. Според него, заздравувањето на европските економии ќе биде значаен сигнал и за македонската, која токму во Европа ги има своите клучни стратешки партнери. “Економијата на Европската Унија годинава ќе порасне за над еден отсто, откако минатата година имаше пад од 0,5%. Тоа е добар знак за македонската економија бидејќи таму оди најголемиот дел од нашиот извоз. Се очекува дека ќе продолжи трендот на раст на економијата“, изјави гувернерот Богов. Една од клучните препораки на пролетните средби на ММФ и на Светска Банка е финансиската консолидација која треба да води кон намалување на долговите на економиите. “Дискусијата околу консолидацијата на јавните финансии на земјите од ЕУ сеуште е актуелна. Повеќето од земјите што беа во ризик, односно најзагрозените земји веќе го направија тоа. Но фискалната консолидација треба да продолжи и натаму, во земјите од ЕУ но и во земјите надвор од ЕУ“, изјави Богов. Директорот на одделот на Меѓународниот Монетрен Фонд за Европа, Реза Могхадам испрати силна порака до земјите од европскиот регион, кои иако заздравуваат според него сеуште се соочуваат со ризици. “Она што е важно за европскиот регион е да се одржи стабилноста на банкарскиот сектор, да продолжат структурните реформи, да се направи фискална консолидација која ќе води кон намалување на долговите и да продолжи битката со корупцијата“, изјави директорот од ММФ за Европа. Тој посочи дека иако економиите прикажуваат раст, тој смета дека ризиците доѓаат од случувањата и тензиите околу Русија и Украина. Уште пред почетокот на случувањата, неизвесноста придонела за одлив на капитал во овој регион, тренд што се случувал и сега. Првите луѓе на двете моќни финансиски инситуции веќе ги испратија своите клучни пораки. Иако глобалната економија сврте од аголот на кризата, севкупниот раст останува бавен и нерамномномерен, оцени генералната директорка на ММФ Кристин Лагард. “Годинава светската економија ќе испорача раст од 3,6%, догодина таа стапка ќе изнесува 3,9%. Брозорастечките економии ќе растат со стапка од 5%, а развиените земји со стапка од 2,3%. Генератор на растот ќе бидат брзорастечките економии и следната година. Заздравувањето е нерамномерно и сеуште слабо и нема многу простор за комфор“, изјави Лагард. Главна цел ќе биде да се постигне одржлив, инклузивен и рамномерен економски раст, како и да се обезбедат поголеми стапки на раст на БДП – смета таа. Иако заздравувањето е започнато, според неа економиите се соочуваат со нови ризици кои се гледаат во ниската инфлација, односно дефлација во развиените земји, но и во новите геополитички тензии. Според првиот човек на Светска Банка Џим Јонг Ким, пак, сиромаштијата останува предизвик што чека решение. “Околу една милијарда луѓе во светот живеат во екстремна сиромаштија. Развиените земји мора да размислуваат за таа бројка. До 2030 година се предвидува намалување на стапката на сиромаштија на годишно ниво во континуитет. И покрај напорите стравувам дека реформите во посткризниот период ќе бидат бавни“, изјави претседателот на Светска Банка.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката