Бојан Маричиќ: ЕУ по втор пат прашува за „Бехтел и Енка“

Објавено во: Економија 01 Јуни, 2023
Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 рече дека Европската унија преку Брисел отворила втор циклус на прашања за договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите од Коридор 8 и 10д.
Договорот не е транспарентно објавен за јавноста, само во редактирана верзија е испратен во Државната комисија за спречување на корупција, а во меѓувреме беа донесени пет спорни законски измени по скратена постапка, што предизвика загриженост кај Европската Унија.
- Ние им објаснивме писмено и усмено повеќе пати. Тие побараа нови одговори во втор круг на допишување. Во текот на скринингот им доставив информација, сега втор пат праќаат, а ние ќе им го доставиме одговорот, рече вицепремиерот во емисијата.
Освен Бехтел и Енка како американско-турски конзорциум, тој рече дека државата има и европски стратешки инвеститори кои, како што рече тој, треба да започнат или започнале со своите проекти во земјата.
- Во договорот има формули, методи, начин на работа, за кој Бехтел и Енка не сака да се објавуваат поради деловна тајна. Од друга страна, парите се јавни и познато е се за што ќе биде платено, наведе Маричиќ.
Можеби ќе ве интересира
Албанските работници земаат ниски плати, но работат по 43,7 часа неделно

Претседателот на Клубот на извозници учествуваше на Самитот за глобална трговија во Дубаи

АКО ХРВАТИТЕ НИ ГИ ВРАТАТ ПИПЕРКИТЕ СО ПЕСТИЦИД - нашата Агенција за храна ќе ги уништува на безбеден начин

ПОТРОШУВАЧИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ДО ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА АКО ОТКРИЈАТ НЕНАМАЛЕНИ ЦЕНИ - Бектеши задоволен како тече мерката
ДОБРИ ВЕСТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Ќе се покачи минималната плата за десет отсто, еве ги деталите

„ЧЕБРЕН“ НЕМА ДА ДОНЕСЕ СВЕЖИ ПАРИ ЗА ДРЖАВАТА: Македонија да има предност за користење на електричната енергија

КАМАТИТЕ ИМ СЕ ПРЕВИСОКИ, СТАНОВИ ЌЕ НЕМА - германска компанија го запира производството на 60 илјади станбени единици

ЈАПОНСКИОТ ГИГАНТ ТОШИБА ЈА НАПУШТА БЕРЗАТА ПО 74 ГОДИНИ: Завршено преземањето накомпанијата

ГЕРМАНСКИОТ ЛИДЛ СТАРТУВА СО ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - исфрла дел од производите од својата понуда
