26 Октомври, 2024
0.0261

Унгарскиот кредит од половина милијарда евра легна на сметката на Министерството за финансии

Објавено во: Економија 22 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Унгарскиот кредит од половина милијарда евра е легнат на сметката на Министерството за финансии, потврдуваат од таму за „Фактор“. 

Половина од овие средства треба да се распределат за прифатените проекти со кои аплицираа општините. Владата соопшти дека одлучила оваа година да бидат финансирани вкупно 274 проекти во 77 општини, со вкупна вредност од нешто над четири милијарди денари или околу 65 милиони евра. Овие средства се обезбедени од земениот унгарски кредит. Се очекува во наредниот период помошта за општините преку унгарскиот заем да достигне до 250 милиони евра.

Дел од парите од унгарскиот кредит наменети за бизнис секторот ќе одат преку Развојната банка која треба да преговара со комерцијалните банки под кои услови ќе им бидат дадени на компаниите. Парите се очекува да бидат достапни за претприемачите  до крајот на годинава. Сумата треба да изнесува 250 милиони евра, а во овој период Министерството за финансии преговара со асоцијацијата на деловните банки за тоа нивните провизии за администрирањето да не бидат високи за бизнисите.

Со потпишување на Договорот со унгарската Експорт - импорт банка во Будимпешта се официјализираше првиот дел од Договорот за заем во износ од 500 милиони евра и воедно започнаа разговори за вториот дел од заемот исто така во износ од 500 милиони евра, кои се очекува да бидат одобрени до крајот на годината. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во својата изјава во Будмпешта при потпишувањето на договорот.

Собранието донесе посебен закон за унгарскиот заем со кој се задолжува со 3,25 отсто каматна стапка и рок на отплата од 12 години.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

БАНКРОТ НА ПОЗНАТ ЈАПОНСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ТЕЛЕВИЗОРИ: Долгот на компанијата е три милијарди долари

БАНКРОТ НА ПОЗНАТ ЈАПОНСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ТЕЛЕВИЗОРИ: Долгот на компанијата е три милијарди долари

„БЛУМБЕРГ“ ТРДИ: Европа не може да се ослободи од зависноста од рускиот гас

„БЛУМБЕРГ“ ТРДИ: Европа не може да се ослободи од зависноста од рускиот гас

МАКЕДОНИЈА Е НА ДНОТО ВО РЕГИОНОТ: Имаме најниски плати

МАКЕДОНИЈА Е НА ДНОТО ВО РЕГИОНОТ: Имаме најниски плати

ХРВАТСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ЌЕ РАБОТАТ СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕME: Но, има еден услов

ХРВАТСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ЌЕ РАБОТАТ СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕME: Но, има еден услов

БОЖИНОВСКА НА СРЕДБА СО ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР: Зборуваа за соработка во областа на енергетиката, рударството и развојот на минералните суровини

БОЖИНОВСКА НА СРЕДБА СО ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР: Зборуваа за соработка во областа на енергетиката, рударството и развојот на минералните суровини

СКОПЈАНИ СЕ ЖАЛАТ – РАДИЈАТОРИТЕ ЛАДНИ, СТАНОВИТЕ УШТЕ ПОЛАДНИ: почетокот на грејната сезона со стари проблеми, надлежните уверуваат „работиме согласно правилата“

СКОПЈАНИ СЕ ЖАЛАТ – РАДИЈАТОРИТЕ ЛАДНИ, СТАНОВИТЕ УШТЕ ПОЛАДНИ: почетокот на грејната сезона со стари проблеми, надлежните уверуваат „работиме согласно правилата“

ШТО ЈА „СТОПИ“ ДОБИВКАТА НА „ТЕТЕКС“ И КАКО ДИВИДЕНДИТЕ ГО СПАСИЈА ОД ЗАГУБА - комбинатот остана со третина од профитот

ШТО ЈА „СТОПИ“ ДОБИВКАТА НА „ТЕТЕКС“ И КАКО ДИВИДЕНДИТЕ ГО СПАСИЈА ОД ЗАГУБА - комбинатот остана со третина од профитот

ИНТЕРВЈУ ПЕТАР ЛАЗОВСКИ, МАСИТ: На нашата Годишна конференција треба да дојдат сите што се заинтересирани за иднината на AI во бизнисот и во здравството

ИНТЕРВЈУ ПЕТАР ЛАЗОВСКИ, МАСИТ: На нашата Годишна конференција треба да дојдат сите што се заинтересирани за иднината на AI во бизнисот и во здравството

ТРГОВЦИТЕ ГО ПРЕТЕРАА: Алчни се, се обидуваат да заработат на грбот на народот

ТРГОВЦИТЕ ГО ПРЕТЕРАА: Алчни се, се обидуваат да заработат на грбот на народот