26 Октомври, 2024
0.0294

„Најголем дел од извозно ориентираните компании зависат од солунското пристаниште': Николовски од Солун вели „имаме обврска да обезбедиме модерни врски“

Објавено во: Економија 22 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Имаме амбициозна програма со која започнавме да ја менуваме сликата за Македонија. Ја реализираме наголемата инвестициона активност во патната мрежа каде започнуваме постапки за изградба на неколку автопати. Завршуваме со изградба на неколку брзи патишта. Нашиот најамбициозен проект е изградба на брза пруга токму на коридор 10 со што ќе овозможиме брза врска до солунското пристаниште и до Централна Европа.

Ова денеска го истакнаа заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на Форумот за поврзување со Југоисточна Европа што се одржува во Солун.

-  Започнавме и со промена на перцепцијата за инвеститорите, да понудиме услови кој ќе бидат конкуретни за инвеститорите и да бидеме препознати како погодна земја за инвестирање - истакна тој на настанот, додавајќи дека линкот до солунското пристаниште е Македонија и затоа треба да се размислува меѓу земјите партнери на Коридор 10 како да се олесни транспортот и трговијата и да се упростат постапките за компаниите.

- Имаме обврска како Влади да обезедиме брз и сигурен транспорт. Јас си поставив една цел а тоа е да изградам брза пруга и тоа токму во делот на Коридор 10, значи од границата со Србија па се до границата овде во Грција. Оваа пруга што сега ја имаме е бавна и не ја исполнува целта на брзиот транспорт. Коридор 10 е стратешки коридор за сите нас и затоа мора да ги искористиме неговите предности. 

Овој наш план е амбициозен, истовремено е приоритетен проект на кој многу посветено работиме. Паралелно со ова започнуваме со реконструкција и на постојаната пруга за да може и таа да ја биде во функција за да се користи за домашен и меѓународен транспорт. Дополнително работиме на изградба и на железница на Коридор 8 кон Бугарија. 

Во делот на патната мрежа силно сме фокусирани на изградба на неколку автопати и брзи патишта на Коридор 8 и 10 со што создаваме нова мрежа на патишта низ земјата - истакна Николоски.

Пред бројните компании тој ги претстави инвестициските услови потенцирајќи дека следи период кога економските индекси значително ќе бидат подобрени.

- За следната година очекуваме да имаме најголем раст на БДП-то во регионот. Започнавме да работиме на заедничко поврзување со Грција преку интерконекторот каде ќе се поврземе на гасот од Азербејџан. Очекуваме во следниот период овој гасовод да биде изграден и да ја намалиме зависноста од рускиот гас што значително ќе влијае врз производството. Во овој период имаме силен развој и во сегментот на снабдување со енергија од фотонапонски централи. Работиме на професионализација на администрацијата, на поедноставување на процедурите. Нашите планови се сериозни и верувам дека ќе ги реализираме. Најголем дел од извозно ориентираните компании зависат од солунското пристаниште и затоа имаме обврска кон нив да обезбедиме модерни врски, евтини врски за да ја олесниме нивната работа. Тоа и го работиме - потенцираше министерто Николоски. 

Во текот на денот министерот Николоски ќе оствари билатерални средби со министерот за инфраструктура и транспорт на Грција, Христос Стакурас, како и со министерот за поморски работи и островска политка, Христос Стилинидис.

Форумот за поврзување со Југоисточна Европа, претставува собир на највлијателните  компании и организации за транспорт од Грција, стопански комори, логистички центри и различни финансиски институции.   

Воедно Николоски оствари билатерална средба со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политка на Грција. На средбата која е прва меѓу двајцата министри се разговараше за економската соработка меѓу двете земји.

Министерот Николоски ја истакна силната заложба на Владата за економски развој на регионот преку учество во заеднички проекти, притоа потенцирајќи ја потребата од квалитено инфраструктурно поврзување.


Во духот на добрососедските односи а имајќи предвид дека регионалната соработка зависи од двете Влади, министерот Николоски изрази уверување дека Македонија е подготвена да учестува во реализација на проекти со кои ќе се зацврсти конкурентската позиција на европските коридори.

На средбата, исто така министерот Николоски истакна дека голем дел од извозно ориентирани компании од Македонија соработуваат со солунското пристаништа со што се отвора потребата за поквалитетно поврзување и побрз  транспорт на добрата и услугите.

Двајцата министри се согласија дека ова е почетна точка во индната соработка меѓу двете Влади, со што изразија уверување дека постои огромен простор за зголемување на економската соработка во различни дејности.

Министерот Николоски во рамки на работната посета на Солун, учествува на  Форумот посветен за развојот на инфраструктурата и поврзување со Југоисточна Европа.

Можеби ќе ве интересира

БАНКРОТ НА ПОЗНАТ ЈАПОНСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ТЕЛЕВИЗОРИ: Долгот на компанијата е три милијарди долари

БАНКРОТ НА ПОЗНАТ ЈАПОНСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ТЕЛЕВИЗОРИ: Долгот на компанијата е три милијарди долари

„БЛУМБЕРГ“ ТРДИ: Европа не може да се ослободи од зависноста од рускиот гас

„БЛУМБЕРГ“ ТРДИ: Европа не може да се ослободи од зависноста од рускиот гас

МАКЕДОНИЈА Е НА ДНОТО ВО РЕГИОНОТ: Имаме најниски плати

МАКЕДОНИЈА Е НА ДНОТО ВО РЕГИОНОТ: Имаме најниски плати

ХРВАТСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ЌЕ РАБОТАТ СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕME: Но, има еден услов

ХРВАТСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ЌЕ РАБОТАТ СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕME: Но, има еден услов

БОЖИНОВСКА НА СРЕДБА СО ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР: Зборуваа за соработка во областа на енергетиката, рударството и развојот на минералните суровини

БОЖИНОВСКА НА СРЕДБА СО ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР: Зборуваа за соработка во областа на енергетиката, рударството и развојот на минералните суровини

СКОПЈАНИ СЕ ЖАЛАТ – РАДИЈАТОРИТЕ ЛАДНИ, СТАНОВИТЕ УШТЕ ПОЛАДНИ: почетокот на грејната сезона со стари проблеми, надлежните уверуваат „работиме согласно правилата“

СКОПЈАНИ СЕ ЖАЛАТ – РАДИЈАТОРИТЕ ЛАДНИ, СТАНОВИТЕ УШТЕ ПОЛАДНИ: почетокот на грејната сезона со стари проблеми, надлежните уверуваат „работиме согласно правилата“

ШТО ЈА „СТОПИ“ ДОБИВКАТА НА „ТЕТЕКС“ И КАКО ДИВИДЕНДИТЕ ГО СПАСИЈА ОД ЗАГУБА - комбинатот остана со третина од профитот

ШТО ЈА „СТОПИ“ ДОБИВКАТА НА „ТЕТЕКС“ И КАКО ДИВИДЕНДИТЕ ГО СПАСИЈА ОД ЗАГУБА - комбинатот остана со третина од профитот

ИНТЕРВЈУ ПЕТАР ЛАЗОВСКИ, МАСИТ: На нашата Годишна конференција треба да дојдат сите што се заинтересирани за иднината на AI во бизнисот и во здравството

ИНТЕРВЈУ ПЕТАР ЛАЗОВСКИ, МАСИТ: На нашата Годишна конференција треба да дојдат сите што се заинтересирани за иднината на AI во бизнисот и во здравството

ТРГОВЦИТЕ ГО ПРЕТЕРАА: Алчни се, се обидуваат да заработат на грбот на народот

ТРГОВЦИТЕ ГО ПРЕТЕРАА: Алчни се, се обидуваат да заработат на грбот на народот