19 Декември, 2025
0.0578

„Бомба“ во судот: Груевски и Јанакиески разговараат за „Преспанците“

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2018 12:06

Добивај вести на Viber

Во „бомба“ пуштена на денешното рочиште за „Титаник“, односно за местење и оравење притисок за изборни резултати, поранешниот премиер Никола Груевски му вели на екс-министерот за траснпорт и врски Миле Јанакиески дека загубиле поради тоа што ги немало гласачите од Пустец на располагање.

Во еден од разговорите Јанакиески му ги соопштува прелиминарните резултати на Груевски од првиот изборен круг на локалните избори во 2013 година, каде констатира дека во општина Центар е лоша ситуацијата, односно дека водат на само две избирачки места во Капиштец.

„Треба да се прават неважечки ливчиња за да идеме во втор круг“, му вели Јанакиески на Груевски по што експремиерот констатира дека доколку биле гласовите од „Преспанците“ ќе поминеле многу подобро.

Денеска пред обвинетите беа пуштени 88 разговори, а уште „бомби“ ќе има на следното рочиште закажано за 24 октомври.

Експремиерот Груевски заедно со градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, исто така се обвинети дека противправно ваделе лични карти од општина Центар на жители на Пустец за потоа да ги однесат на гласање во Центар во наредните кругови од локалните избори во 2013 година.

Во случајот за изборни измами „Титаник“ обвинети се 21 лице, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.



Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица