16 Декември, 2025
0.0641

Бомбите од Ел Чека и ги пратил и на Фетаи - обвинет за Диво насеље дал материјали за „Монструм“

Објавено во: Македонија 12 Декември, 2019 12:26

Добивај вести на Viber

Во јуни оваа година, обвинетиот во случајот „Диво Насеље“ Шефчет Халачи, и испратил прислушувани материјали на обвинителката Фатиме Фетаи, поврзани со случајот „Монструм” за петкратното убиство кај Смилковско езеро. Кога Халачи и се јавил на Фетаи и кажал дека има 140 гига бајти прислушувани разговори, кои, како што рекол, му ги праќал и на Ел Чека. Обвинителката му кажала тие снимки да ги испрати и до поранешното Специјално јавно обвинителство.

Според Фетаи, меѓу снимките што и ги пратил Халачи, покрај за „Монструм”, има материјали и за други случаи што ги водеше поранешното СЈО, а сега ги води Обвинителството. Овие снимки јавноста веќе ги има слушнато и тоа се разговорите кои ги воделе бизнисменот Орце Камчев и новинарката Оливера Трајковска за овој случај.

Фетаи на денешното рочиште за „Монструм“ истакна дека сите материјали кои ги добиле во СЈО од Халачи, се предадени на Судот.

Судењето за „Монструм“ е во тек,  се чита документацијата што е изработена од извршениот увид. 

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.


Можеби ќе ве интересира

Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки

Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст