ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2025 22:27
МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ НЕГИРА ЗАТВОРАЊЕ НА ТРЕЗОРОТ
Трезорот работи, работите се извадени од контекст. Нема простор за паника, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска по објавите дека трезорот се затвара на 15-ти месецов поради немање прилив и дека ќе бидат стопирани сите исплати.
УТРЕ ЌЕ ИМА ШТРАЈК ВО УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИШтрајк ќе има утре во Управата за водење на матични книги.
Вработените ќе бидат на своите работни места, но нема да ги извршуваат работните обврски во знак на револт поради неисполнување на ветувањата од надлежните и непотпишување на колективни договори. Ова го најавија од Независниот синдикат на Управата. Нема да се издаваат изводи од матичните книги, венчаници, ниту други официјални потврди.
Доколку не се исполнат ветувањата изјавија дека не се исклучува можноста и за генерален штрајк.АПЕЛАЦИЈА ЈА ЗГОЛЕМИ КАЗНАТА НА ВАСИЛ ЈОВАНОВ
Апелациониот суд Скопје ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години. Јованов беше првостепено осуден на 12 години затвор за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Тој во јануари годинава, управувајќи возило со брзина од 91 км/ч, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, поминувајќи на црвено светло на пешачки премин удри во Фросина Кулакова, која почина на лице место.
- Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-696/25, по одржана јавна седница на 06.10.2025 година, а по спроведено советување и гласање на нејавен дел од седницата на ден 27.10.2025 година, донесе пресуда со која ја уважи жалбата на Основото јавно обвинителство Скопје и ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот В.Ј. од Скопје - стои во соопштението од Апелационен суд Скопје.КАТИЦА ЈАНЕВА ДОБИ ОСУМ МЕСЕЦИ УСЛОВЕН ОТПУС
Кривичнот суд Скопје потврди дека екс специјалната обвинителка – Катица Јанева, која е осудена на 7 години затвор, од кои веќе 4 години е во КПУ „Идризово“, ќе биде осум месеци на условен отпуст.
„Заради интерес на повеќе претставници на медиумите околу Условниот отпуст на поранешната обвинителка, правосилно осудена во предметот познат како „Рекет“, ја информираме јавноста дека:
На 12.12.2024 година Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на осудената К.Ј., правосилно осудена со предметот КОК 116/19, донел решение со кое се прифаќа предлогот и на осудената и се дозволува условен отпуст од издржување на затворската казна, кој започнува од 21.12.2025 година, а трае до 21.08.2026 година.“ – информираат од Кривичниот суд – Скопје.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




