БОРБА СО КОРОНАВИРУСOT: Жените и мажите нема да смеат во ист ден да одат на шопинг
Објавено во: Свет, Корона Вирус 20 Декември, 2020
Панама воведува необични мерки за справување со коронавирусот.
Земјата повторно идната недела ќе воведе ограничувања во движењето на национално ниво, со барање од мажите и жените да излегуваат во различни денови за празничен шопинг, објави Ројтерс, повикувајќи се на министерот за здравство, Луис Сукре.
Во јуни жените можеа да излегуваат во понеделник, среда и петок, мажите во вторник, четврток и сабота, а во недела на сите им беше забрането да излегуваат.
Министерот за здравство објави дека од понеделник, 21 декември, со цел да се намали движењето на луѓето, ќе се вршат набавки во зависност од полот – во некои денови мажите ќе можат да купуваат, во други – жените. На Божиќ и Нова Година ќе важи целосен карантин.
Во Панама досега се потврдени 206,310 случаи на зараза со коронавирусот и 3,504 починати. Како активни се водат 32,636.
Вирусот доведе до многу жртви и во Латинска Америка. Бразил е третата земја во светот, според бројот на заразени. Висока бројка на заразени има во Перу, Чиле, Аргентина.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.