05 Декември, 2025
0.0327

Борче Тренковски, универзитетски професор: Владината потрошувачка не го даде очекуваниот ефект!

Објавено во: Финансии 15 Декември, 2013 08:46

Добивај вести на Viber

Политиката на засилена владина потрошувачка не ги даде очекуваните резултати, напротив предизвика раст на Јавниот долг – оценува универзитетскиот професор Борче Тренковски на истекот од оваа економска година. „Оваа криза потегна една голема лавина во насока на зголемена буџетска потрошувачка  во сите змеји во светот. Сите мислеа дека фискалната политика треба да се зголеми и да дојде на сцена така државите  почнаа повеќе да  трошат. Голем број на анализи покажуваа различни резултати, едни мислеа дека имаме позитивни резултати од тие фискални мултипликатори, други велеа дека ефектите се нагативни. Меѓутоа Македонија е специфична земја и кога зборуваме, ретко можеме да правиме анализи врз емпириски резултати а често зборуваме врз основа на квалитативни анализи“ – оценува професорот Тренковски и додава: „Во моето ново истражување добив интересни резултати кои укажуваат на тоа дека мултипликаторите се многу ниски, односно негативни. Анализирав период од 2000 до 2012 та година,.и за целиот период се покажа дека јавните расходи односно зголемената владина потрошувачка во целиот период, иако е позначајно во пораст во последните 3-4 години, не доведе до позитивен мултипликатор, односно не влијаеше позитивно врз економскиот раст., Зошто е тоа така и што треба да напрвиме? Прво треба да разбереме дека ние сме увозно зависна земја, треба да ја видиме анализата која покажува дека на секое зголемување на јавната потрошувачка, монетраната политика реагирала со зголемување на каматната стапка а така реагирала затоа што девизните резерви паѓале скоро цела година. Секое зголемување на јавната потрошувачка повлекува увоз а увозт повлекува намалување на девизните резерви а тоа пак е притисок на девизниот пазар, поради што мора да регира Народната банка. Тоа пак на среден рок доведе до зголемување на јавниот долг што пак предизвика потреба од зголемени приходи. Сето ова значи дека ние имаме низок фисклаен мултипликатор од засилената владина потрошувачка“.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката