БОРДЕТЕЛА ПЕРТУСИС Е ЛЕТНА БАКТЕРИЈА, ПИКОТ СЕ СЛУЧУВА ВО ЛЕТО: Во Македонија имаме три епидемии
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2024 07:37
Случаите на голема
кашлица, опасната заразна инфекција
предизвикана од бактеријата бордетела пертусис се во пораст на глобално
ниво, но бројот на случаи во 2024 година е сличен како пред пандемијата на КОВИД-19.
Според д-р Фелисија Скагс Хуанг, доцент по педијатрија во одделот за заразни болести и медицински директор за превенција и контрола на инфекции во Медицинскиот центар на детската болница во Синсинати, посочува дека постои зголемување на случаите на голема кашлица во циклус од секои три до пет години.
-Иако инфекцијата може да се појави во текот на годината, бидете особено внимателни во текот на летните и есенските месеци кога случаите на пертусис имаат тенденција да го достигнат својот врв. Нашата цел е бројот да се намалува и населението да остане здраво. Тоа значи зголемување на стапките на вакцинација, практикување универзални мерки на претпазливост и рано дијагностицирање и лекување.
Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со големата кашлица, во Македонија од почетокот на годинава до 18. јули се регистрирани 931 лица,а најголемиот дел од заболените се регистрирани на територијата на Скопје, дури 73,5 проценти. Освен во Скопје заразени лица со голема кашлица се и во 22 други градови низ целата земја.
Во тек се три епидемии пријавени во ниво на територијата на Скопје, Куманово и Тетово
-Најголем број заболени припаѓаат на возрасната група од 0-4 години (31,7%), највисока инциденца се бележи во возрасната група под 1 година и изнесува 1.094,6/100.000 жители. Од вкупниот број на регистрирани случаи (931), 580 случаи (односно 62,3%) не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани (n=264), просек на поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 13 години. Од пријавените 931 случаи, лабораториски се потврдени 925 случаи. Од 18.01-18.07.2024, дадени се вкупно 59.972 дози на вакцина која содржи компонента против голема кашлица, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.
Лекарите велат дека популацијата со најголем ризик за тешки компликации се многу мали доенчиња кои се премногу мали за да се вакцинираат, но ранлива категорија се и повозрасни лица, бремените жени и оние кои се имунокомпромитирани.
Оваа болест во земјава се регистрира со спорадични случаи во последните 20 години (во просек 6). Но, како што посочуваат од Институтот за јавно здравје, порастот на бројот на невакцинирани деца (пад на опфат со задолжителна имунизација), антивакциналните кампањи, но и колебливоста на родителите во однос на имунизацијата доведуваат до повторна појава на вакцино-превентабилни заболувања.
Токму поради ова постои веројатност за понатамошно пријавување на нови случаи на цела територија со среден ризик за населението во региони со низок вакцинален опфат, но истиот може да се минимизира со држење до препораките од надлежните институции. Основната препорака, секако е зголемување на опфатот со примарната вакцинација со вакцина која ја содржи компонентата против голема кашлица со цел да се достигне препорачаниот од СЗО опфат од 95 отсто, како на регионално и локално, така и на национално ниво.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




