„БОРИС“ НАПРАВИ ХАОС ВО ИТАЛИЈА: Ситуацијата е драматична
Објавено во: Свет 19 Септември, 2024
Домови се евакуираат во северниот италијански регион Емилија-Ромања, откако бурата „Борис“, која од минатата недела усмрти најмалку 24 лица во централна и источна Европа, го зафати регионот, предизвикувајќи сериозни поплави и свлечишта.
Силни дождови ја погодија Емилија-Ромања вчера доцна попладне, а ситуацијата брзо се влоши со доаѓањето на ноќта. Градоначалникот на Модиглијани, Џадер Дарди, изјави дека реката „експлодирала“. - Ситуацијата е многу драматична. Полошо е од 2023 година, рече тој.
Во градот Брисигела, поплавите ги зафатија местата долж реката Марзено. Граѓаните се повикани да ги евакуираат своите домови, а евакуираните ќе бидат сместени во локалното училиште.
На повеќе места во Емилија-Ромања, вклучувајќи ја и Болоња, водостоите се зголемуваат, а локалните власти издадоа наредби за евакуација.
Силно невреме се очекува во наредните 24-36 часа.
Фото:Илустрација* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.