Добивај вести на Viber
На бугарско-турската граница во моментов притисокот е мал, забележа бугарскиот премиер, Бојко Борисов.
Главната закана доаѓа од грчката граница. Таа е многу долга, не е безбедна и неколку месеци грчката влада не презема мерки, смета Борисов.
Тој истакна дека со оглед на договорот меѓу Европската унија и Турција, не очекува изненадувања од југоисточниот сосед.
„Констатацијата ме е дека во една сиромашна Македонија бегалските кампови се со многу добри услови. Додека во Грција, која зема милиони евра , не можат да земат ништо и во нивните кампови условите се всушност ужасни "- изјави Борисов.
Бугарија со законски решенија ќе се бори против тероризмот.